Горди сме на нашата сестра Жанета Богоевска Митева!

Uncategorized

октомври 16, 2025

Европската федерација на асоцијации на сестри за интензивна нега (EfCCNa) е непрофитна организација основана во 1999 година, која обединува 35 национални асоцијации од 26 европски држави, со над 30.000 членови.

Нејзината мисија е да ја унапреди соработката меѓу медицинските сестри во Европа, со цел подобра грижа за критично болните пациенти и нивните семејства, како и развој на заедничка европска клиничка пракса, едукација и научни истражувања.

👩‍⚕️ Од 2014 година, сестра Жанета Богоевска Митева е претставник на Здружението на медицински сестри за интензивна нега од Македонија во EfCCNa, а во последните 3 години активно членува во Управниот одбор и во ESNO – европската организација за сестри специјалисти.

Овој викенд (10–12 октомври) во Лондон се одржа есенскиот состанок на федерацијата, на кој, меѓу другото, се одржа и избор за нов претседател и член на одборот со конгресни одговорности.

✨ Со голема чест и задоволство објавуваме дека сестра Жанета Митева беше избрана за нов претседател на EfCCNa! ✨

„Посебна чест и задоволство ми беше што бев номинирана и избрана за претседател. Голема благодарност до сите претставници во EfCCNa, моите колеги од ЖМЦ, моето семејство, а особено до д-р Жан Митрев, кој сите овие години беше моја безрезервна поддршка,“

– изјави сестра Жанета Б. Митева.

💙 Сестра Жанета е дел од клиниката ЖМЦ цели 24 години, со огромно искуство во интензивна нега и анестезија – уште од самите почетоци на клиниката.

Во текот на својата кариера активно учествува во внатрешната и континуираната едукација на медицинскиот персонал, секогаш со посветеност и професионалност.

👏 Честитки, Жанета! Со гордост ја претставуваш Македонија и нашата клиника на европско ниво! 🇲🇰❤️