00389 2 3091 484
февруари 14, 2025
Инфлуенцата или попозната како грип не е само обична „настинка“. Инфлуенцата лесно може да предизвика сериозни компликации, особено кај малите деца, кај постарите и кај сите со ослабен имунолошки систем.
Затоа треба да се внимава на симптомите и да се земат во предвид сите фактори.
Прочитајте повеќе од текстот на д-р Катерина В. Димовска – педијатар.
Инфлуенцата т.е грипот, особено кај нас, зазема поголеми размери во текот на зимскиот период. Може да оди во комбинација со инфекции чиј пораст е очекуван исто така во овој период.
Главниот вообичаен предизвикувач е вирусот Инфлуенца А. Она што треба да се знае е дека истовремено се јавуваат и придружни инфекции со РСВ-вирусот, Аденовирус, Норовирус или Инфлуенца Б. Комбинираните инфекции дополнително допринесуваат за влошување на клиничката слика кај децата.
Повеќето од нив ќе ја поминат инфекцијата со лесна форма. Но, има и такви кои ќе развијат компликации како што се: пневмонија, инфекција на ушите, а тоа често доведува до хоспитализација. Ретки случаи може да завршат дури и фатално.
Ризикот за заболување од Инфлуенца А е највисок кај децата под 5 години, а особено кај оние помали од 2 години.
По изложеност (експозиција) на вирусот, симптомите се развиваат за 1-4 дена
Најчесто се базираме на податоци за и од околината
Прецизна дијагностика/потврда се прави со назофарингеален брис (антигенски тест и ПЦР генетски тест).
Симптомите на настинка може да траат до 2 недели.
Замор, ,,мозочна магла,, кашлица можат да се провлекуваат од 2 до 4 недели.
Доколку симптомите се влошуваат, неопходна е помош и болнички третман.
Вообичаен третман подразбира супортивна терапија: земање многу течности – хидрација, антипиретици, одмор.
Најчесто, не се третира со антибиотик доколку децата се опоравуваат во рамки на 7 дена.
Антивирусна терапија (Тамифлу) се дава во привате 24-48 часа од појава на привате симптоми и може да придонесе за полесна клиничка слика и скратено траење на болеста.
Во сите овие случаи родителот треба да се консултира со педијатар за да се продолжи со терапија која ќе биде најсоодветна за неговото дете. Доколку е потребен болнички третман и третман со Тамифлу, потребно е да се знае дека тоа е антивирален лек кој не се дава кај деца под 6 години, дека има свои несакани ефекти и може да се даде исклучиво под надзор на педијатар и во болнички услови. За сите други прашања и совети исто така потеебна е консултација со педијатар.
За да закажете термин кој ви одговара јавете се на 02/3091-484