Хемофилтрацијата е стара и етаблирана метода, која се користи во Македонија и во светот со години

Настани

септември 09,2022

Следниве неколку недели ќе се обидеме да ги објасниме фактите околу хемофилтрацијата и зошто употребата на оваа метода е медицински оправдана и препорачана.
Иако се познати, јавноста сепак не е доволно запознаена со овие факти. Ние како здравствена институција сакаме да ги прикажеме фактите што се докажани, потврдени и да останеме транспарентни кон јавноста. Со оглед на обемот на објавените информации, ќе одиме со објаснување дел по дел.
Хемофилтрацијата е стара и веќе етаблирана метода што била употребена за првпат во 1977 година во Германија. Оваа метода се користи како континуирана бубрежна заместителна терапија (CRRT- Continuous Renal replacement therapy). Со оваа терапија се врши отстранување на токсичните материи од крвта на човековиот организам. Терапијата рутински се користи на одделите за интензивно лекување на тешки и критично болни пациенти – види тука.
Претставува дел од таканаречената група на машини кои спасуваат животи – види тука.

Позитивните резултати што ги дава хемофилтрацијата и високиот процент на излекувани пациенти беа причина во 2016 година оваа терапија да стане еден од начините за лекување на пациенти со сепса, одобрена од Европското здружение за интензивно лекување – види тука.
Огзирис филтерот има европска маркица за квалитет (ЕС маркица) добиена во јуни 2017 година.

Хемофилтрацијата во Македонија за првпат е применета во 2008 година кај септичен пациент со ендокардит на аортната валвула, донесен итно од Русија во тогашната специјална болница по хируршки болести Филип Втори, а сега Клиничка болница Жан Митрев. Пациентот, по итната операција е излечен и отпуштен од болницата за само 10 дена благодарејќи на третманот со хемофилтрација. Ова е само еден од многуте примери на спасени животи на пациенти кои сега се радуваат на животот пред нив. Истата приказна ја споделуваат илјадници пациенти, не само од Македонија туку и од европските држави (Италија, Германија, Англија, Хрватска итн.), пациенти излекувани од последиците предизвикани од Ковид-19.

Официјалните одобренија за употреба на хемофилтрација со Огзирис филтерот при третман на пациенти со КОВИД-19 датираат од 2020 година. Федерална агенција за храна и лекови на САД (ФДА) препораката за примена на оваа метода ја даде во април 2020 година согласно со официјален документ достапен на види 1, види 2 и види 3. Истиот месец се изготвија и препораките за употреба на оваа метода во САД.

На 8 јуни 2020 година CRRT методата со сите нејзини типови, вклучително и компонентата со хемофилтрацијата, влегува на официјалната листа на есенцијални медицински средства (MDs и IVDs номенклатура за КОВИД-19) оформена од Европската Комисија. По ова следат препораките за употреба на оваа метода кај пациенти со КОВИД-19 издадени од 3 релевантни здруженија: Европското здружение за интензивно лекување, Британското здружение и Реналната асоцијација.

Прва земја која ја примени хемофилтрацијата со Огзирис филтер кај КОВИД-19 пациенти е Кина. Нивните медицински искуства покажуваат дека смртноста кај сериозно загрозените пациенти се намалила за 30% кај оние кои биле третирани со методата на хемофилтрација.

Употребата на Огзирис филтерот за оваа метода е одобрен во Македонија во август 2020 година од страна на МАЛМЕД (Македонската агенција за лекови и медицински средства), по што следи и примена на оваа метода во Жан Митрев Клиник за третман на пациенти во состојба каде што животот им е загрозен како последица од инфекцијата од Ковид-19.

Во 2012 година се одржува и стручен собир за едукација за примена на CRRT методата во единиците за интензивно лекување во нашата земја. На семинарот, предавачот д-р Кај Херенски кардиохирург од Минхен и одговорен на медицинскиот оддел во Бакстер за употреба на Огзирис филтерот, ги едуцирал сите засегнати лекари за конкретната тема, кои се занимаваат со интензивно лекување на пациенти. Вклучени биле сите државни и приватни здравствени институции со претставници од КАРИЛ, Кардиохирургија и Клиниката за нефрологија.