00389 2 3091 484
октомври 8, 2013
![]()
Хируршка корекција на вроден субвалвуларен вентрикуларен септален дефект со парцијална агенезија на аортниот анулус
Пациент на 17 годишна возраст примен за хируршка корекција на вродена срцева мана од типот на меѓукоморен септален дефект со проширување на прстенот на артната валвула и аортна регургитација од втор степен. Дијагнозата е поставена во рана детска взраст.Во општа анестезија непосредно пред почеток на оперативниот третман на 3Д трансезофагеална ехокардиографија е верифициран дилатиран аортен корен во предел на десниот коронарен куспис со вроден недостаток на анулусот на десниот коронарен куспис и пролапс на истиот во излезниот тракт на левата комора (ЛВОТ) со ексцентриџен регургитантен џет до +3. Високо субвалвуларно поставен меѓукоморен септлен дефект (ВСД) димензии до 10мм.
Во општа анестезија направено е комплексна реконструкција на аортната валвула со анулопластика и пликација на комисурите меѓу десниот со некоронарниот и меѓу некоронарниот и левиот залисток и поставување на маргинална суспензија на десниот и некоронарниот залисток со што е направена реконструкција на самиот аортен анулус. Потоа со перикарден пач (1х1см) направено е зтворање на меѓукоморниот дефект преку трансаортален пристап. Контролната трансезфагеална ехокардиографија покажа уредно реконструирана аортна валвула со уредно затворање на залистоците и уреденДоплер наод. Контрасната ехокардиографија покажа уредно затворање на меѓукоморната преграда.
Пациентот хемодинамски и ритмички стабилен после излегување од сала. Спроведувана интензивна респираторна терапија и започнати постепени мобилизациски постапки кои уредно ги толерира. Пациентот е отпуштен дома во добра општа состојба.
3Д трансезофагеалната ехокардиографија овозможува реален тродимензионален приказ на променетата морфологија на залистоците на срцето, како и на срцевите структури посебно кај пациентите со вродени срцеви мани, со што кардиохиругот е во состојба да наоправи детален план за корекција на маната.