00389 2 3091 484
јули 8, 2022
Според Интернационалната Асоцијација за истражување на болката (IASP) за хронична болка во вратот се смета онаа болка која што е локализирана во било која регија од цервикалниот `рбет, од окципиталната коска па се до спинозниот израсток на првиот торакален пршлен.
Болката во вратот се смета за таква со или без проградирање кон главата, телото или горните екстремитети.
За хронична болка се смета онаа болка која што трае 12 недели или повеќе. Оваа болка се карактеризира со хипералгезија при палпација на регијата на вратот и рамениците, и е поизразена при сите движења во вратот и рамениот појас.
30% од пациентите со болка во вратот во траење подолго од 6 месеци ќе развијат хронични симптоми. Ова влијае на 14% од сите лица кои доживуваат состојби со болка во вратот. 37% од лицата кои имаат болка во вратот, пријавуваат постојани проблеми во траење од најмалку 12 месеци.
5% од возрасната популација со болка во вратот ќе биде оневозможена од болката, што претставува сериозен здравствен проблем.
– При болка во вратот со дефицит во движењата, третманот опфаќа:
– Хронична болка во вратот со нарушување на координацијата
– Хронична болка во вратот пропратена со главоболка
Во оваа состојба се врши манипулација на цервикална и цервико-торакална регија. Мобилизација на зглобовите на вратот во комбинација со вежби за истегнување на рамениците и вратот, зајакнување на мускулатурата и вежби за издржливост.
– Хронична болка во вратот со радијациона болка
Никодин Вељановски
Специјализиран физиотерапевт