Игра, радост и топли срца! 14 години по ред грижа за децата со вродени срцеви мани оперирани во нашата клиника!

Настани

јули 15, 2022

И летово децата со своите родителите во периодот од 1 до 7 јули уживаа во летниот камп ,,Моето срце во сите бои,,. Кампот е организиран традиционално од нашиот тим психолози: лиценциран психотерапевт и Доц. д-р Кристина Егуменовска, лиценциран психолог и специјализант по психотерапија Александра Петроски и лиценциран психолог, специјализант по психотерапија и практичар по невро-лингвистичко програмирање Марија Аџиоска, во соработка со Клубот на Млади на Црвен Крст на град Скопје.

Активностите беа бројни и опфаќаа: утрински физио часови, работилници и игри, со цел децата, но и нивните родители да знаат и искусат дека нивниот физички, емотивен и социјален развој ни е важен и по напуштањето на болницата.

Свој придонес за успешна реализација на овој камп камп дадоа: д-р Иван Милев-специјалист по педијатрија субспецијалист кардиолог, д-р Ѓорѓи Филев-специјалист педијатар-неонатолог, сестра Весна Милев и Блаже Арсов дипломиран физиотерапевт, специјалист за рехабилитација при травматологија, ортопедија и хирургија.
Беа доделени и пригоди подароци од брендот Ортомол од страна на Николина Мишева претставник од Фила-Фарм.

Кампот немаше да се реализира без големата поддршка на д-р Митрев, кој заедно со Црвениот Крст овозможува сиве овие години бесплатно сместување за дечињата и родителите. Погледнете дел од неповторливата атмосфера ❤