00389 2 3091 484
август 7, 2020
Уринарната инктонтиненција претставува неспособност за контролирање на мочниот меур односно неспособност за задржување на урината. Доста често уринарната инконтиненција е основа на некое друго заболување. Степенот на уринарната инконтиненција може да биде од повремено испуштање на урина при кивање и кашлање до неодложно мокрење при потреба за користење на тоалет. Оваа состојба се појавува поради слабост на сфинктерите односно кружните мускули кои имаат за функција да ја испуштаат урината свесно односно контролирано. Постојат повеќе видови на уринарна инкотнтиненција и тоа:
Диагнозата се поставува од уролог или гинеколог со цел да се одлучи кој тип на третман е неопходен за решавање на проблемот. Најчесто се препорачува третманот да биде конзервативен /нехируршки, со започнува на физиотерапија.
Со напредокот на технологијата во третманот на оваа состојба се воведе и една нова иновативна метода “функционална магнетна стимулација” која во последните години брзо се етаблира како докажен метод за третман на инконтиненции.
Станува збор за ново развиена електротерапија во која се користи специјална FMS технологија т.е импулсно магнетно поле генерирано од уредот Tesla Care prestige кој предизвикува длабоки мускулни контракции. FMS технологијата ги користи индуктивните својства на магнетното поле за длабока пенетрација во ткивата и на тој начин ги стимулира мускулите кои не можат да се таргетираат со помош на класичната електростимулација.
Функционалната магнетна стимулација не предизвикува болка, може да функционира и без директен допир на кожата, не ги стимулира нервите на површината на кожата и затоа е попријатна од класичната електростимулација. Магнетните полиња лесно продираат низ облеката, ткивото и коските и достигнуваат до недостапните ткива. Третманот со ФМС ја зголемува силата и издржливоста на мускулите на карличното дно. Дополнително на овој третман пациентот се учи како правилно да изведува и вежби за зајакнување на оваа мускулатура. Ова обезбедува ефикасно и долгорочно ослободување од неконтролираното истекување на урината и зајакнување на мускулите во долниот дел на карличното дно. Со помош на 4 FMS апликатори успешно се третираат повеќе мускулни групи во истиот третман освен мускулите на карличното дно, се стимулураат и абдоминалната и грбната мускулатура. Може да се користи кај жени и мажи, за сите видови на уринарна и фекална инконтиненција, за побрза рехабилитација по операција или породување, па дури и при сексуални дисфункции или хронични болки во карлицата или долниот дел од ‘рбетот
Функционалната магнетна стимулација според досегашните истражувања успешно помага при следните диагнози и состојби:
НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ТЕРАПИЈАТА
Третманот е едноставен и не бара посебна подготовка на пациентот. За време на терапијата пациентот останува облечен и е удобно сместен во специјален FMS стол за инконтиненција. За време на стимулацијата, пациентот се фокусира на мускулните контракции со што се олеснува и тренингот на самата мускулатура. Третманот е неинвазивен, безболен и без несакани ефекти трае од 15 до 20 минути и се применува секој втор ден во периодот од 2 до 3 недели. Подобрувањето може да се почуствува уште во првите неколку третмани.
Постпарталното зајакнување на мускулите на карличното дно е главен предуслов за спречување на инконтиненцијата, бидејки за време на бременоста се зголемува тежина на матката и заедно со хормоналните промени даваат голем притисок врз сфинктерите – мускулите на карличното дно, со што се намалува нивната еластичност. Породувањето може дополнително да предизвика истегнување или оштетување на нервите или мускулите што на крајот доведува до некотролирано истекување на урината или испуштање на фекалии после породувањето.
Едноставен начин да се спречи оваа инконтиненција е навремено започнување со физиотерапија. Комбинираниот третман на вежби и функционална магнетна стимулација им овозможува на мускулите на карличното дно побрзо да го вратат својот тонус, сила и издржливост по породувањето.
Уринарната инконтиненција не може да се скрие и игнорира, затоа е потребно да се побара помош и навремено да се информирате за можностите за третман.