октомври 10,2020
Доколку сте COVID-19 позитивни или чекате резултати од PCR тестирање, направете рентген на бели дробови кој ќе ви овозможи детектирање на промени на белите дробови предизвикани од COVID – 19 веднаш, без чекање
Сведоци сме дека пандемијата предизвикана од вирусот Cov-SarS2 секојдневно зема се поголем замав. Во тој контекст, примената на иновативни методи како што е вештачката интелигенција (AI – Artificial intelligence), станува се поактуелна.
Ова особено се однесува на детектирање на промени на белите дробови предизвикани од COVID -19 кое досега се изведуваше од страна на радиолозите со помош на направена рентген снимка. Отсега, интерпретацијата на рентген снимката е придружена со напредна софтверска алатка за дијагностицирање која користи вештачка интелигенција.
Системот се темели на алгоритам кој функционира паралелно со рентген снимањето и ги потенцира промените на белите дробови предизвикани од COVID-19, но и дава визуелен приказ на штетата направена од истиот. Овој начин на дијагностицирање на корона олеснува побрзо откривање, а со тоа помага да се спречи и контролира ширењето на новиот коронавирус. Исто така со негова употреба може да се квантифицира прогресот и закрепнувањете од болеста, со што се овозможува ефективно следење.
Во светски рамки ваквото дијагностицирање е веќе во употреба и постојат бројни потврди за тоа како оваа иновативна алатка ги комбинира откритијата на радиолог со податоците на алгоритмот CAD4COVID-AI на остроумен начин.
Во Клиничката болница Жан Митрев со секоја направена рентген снимка вклучен е и овој начин за дијагностика кој пациентите го добиваат бесплатно како поддршка на борбата против пандемијата. Им благодариме на Делфт Кер https://www.delft.care/cad4covid/
Дел од предностите кои би сакале да ги истакнеме се:
1) генерираниот резултат на скала од 0 до 100, што укажува на степенот на аномали поврзани со COVID-19;
2) приказот на абнормалности на белите дробови преку топлинска мапа (heatmap);
3) определувањето на процентот на видливо ткиво на белите дробови што е засегнато;
4) покажувањето резултат во рок од 20 секунди; и
5) можноста за чување на податоците во облак (со и без интернет конекција).