00389 2 3091 484
октомври 6, 2015
Интересни факти за човечкиот мозок
Мозокот е еден од најнеистражените делови од нашето тело, а истовремено толку фасцинантен. Научниците секој ден доаѓаат до сè повеќе вчудовидувачки факти за неговата работа. Во продолжание Ви пренесуваме дел од нив.
Мозокот често се споредува со компјутер, но неговите можности се далеку поголеми од обичен сметач – сепак и тој е дело на неколку човечки мозоци. Во секоја клетка на мозокот се одвиваат бројни хемиски реакции, а тоа доведува до совршено работење, многу подобро од обична машина. Еве некои интересни факти поради кои Вашиот мозок ќе испрати сигнали да останете со отворена уста.1. Тежината на човечкиот мозок во просек е 1,3 килограми, а големиот мозок сочинува 85 % од нив.2. Иако мозокот е познат како „сива материја“, всушност поверодостојно би било да се вика „бела материја“, бидејќи мозокот има 60 % бела маса, а 40 проценти припаѓаат на сивата.3. Разликата помеѓу човечкиот и мајмунскиот мозок е во невроните во деловите на мозокот задолжени за однесување и когнитивни ментални процеси кои се во многу поголем број кај човекот, отколку кај мајмунот.4. Во мозокот не се наоѓаат рецептори за болка.5. Човекот има најголем мозок од сите суштества, не во апсолутна големина, туку процентуално во однос на сопствената тежина.6. Во мозокот има преку 100.000 километри крвни садови.7. Во просек, луѓето имаат 70.000 мисли секој ден.8. Читањето приказни за добра ноќ на Вашите деца не е добро само за да заспијат побрзо, туку на овој начин истовремено го поттикнувате и развојот на нивниот мозок.9. Децата кои ќе научат два јазици до нивната петта година, ја менуваат структурата на мозокот и во возрасниот период имаат погуста сива маса.10. Мозокот е главниот „паразит“ на белите дробови и срцето. Имено, тој троши 20 отсто од вдишениот кислород и исто толку проценти од циркулацијата.11. Ако останете без кислород од четири до шест минути, клетките почнуваат да умираат, а после 10 минути, мозокот ќе има трајни оштетувања. После само 8 секунди без кислород, губите свест.12. Тврдењето дека луѓето користат само 10 отсто од мозокот, не е точно, бидејќи за секој негов дел е познато каква функција извршува.13. Сте се запрашале ли некогаш зошто кога ќе помислите дека нешто не е во ред со Вас, веднаш почнувате и да го чувствувате тоа во одреден дел на вашето тело? Имено, врската меѓу психата и телото е многу силна, а од 50 до 70 % од посетите на лекар се последица на психички фактори.14. Староста не е знак на „губење на мозокот“, бидејќи невроните постојано се создаваат, дури и во тој период од животот, но сè зависи од менталната активност.15. Генијалноста на Ајнштајн не се должи на тоа дека имал поголем мозок, туку на делот одговорен за математика и просторна перцепција кој бил за 35% поголем од просекот.16. Сите луѓе сонуваат, разликата е во тоа што одредени луѓе во одредени вечери ги памтат соништата, други не. Во просек, сите сонуваме од четири до седум соништа, во просек од еден до два часа.17. Најдобар начин за да запомните нешто е да направете асоцијација, бидејќи на тој начин мозокот подобро функционира.