00389 2 3091 484
април 04,2012
на комбинирана вродена срцева маана кај 9 годишено дете- комплетно излекување без операција на отворено срце- приказ на случајИнтервентен третман
Дете Г.П. на 9 годишна возраст со претходно дијагностицирана комбинирана вродена срцева маана од типот на стеснување на залистокот на белодробната артерија (пулмонална стеноза) од средно тежок степен и вроден отвор-комуникација меѓу двете предкомори (атријален септален дефект), беше успешно третирано на 03.03.2012 година во катетеризациона сала, без операција на отворено срце.
Главниот проблем кај детето беше големината на дефектот –отворот во срцето и можноста тој да не биде затворен поради оваа причина.
После направена десно-срцева катетеризација и се измерија значително зголемени притисоците во десната комора и беше визуелизирано стеснувањето на белодробната артерија (пулмонална стеноза- ангиографска слика). Ехографски разликата на притисоците преку залистокот (ТВГ) изнесуваше 80ммХг- средно тешка валвуларна стеноза.
Сл 1 РВ ангиографија
Потоа беше пристапено кон мерење на големината на предкоморниот отвор со посебен балон катетер, за да може точно да се одреди колкава протеза во срцето ке треба да се имплантира (вгради).
Сл 2 мерење на дефектот со балон катетер
Беше имплантирана 19 мм протеза од типот Amplatz ASD septal ocluder 19 mm уште при првиот обид, AGA, USA,што за неговата телесна маса и површина е релативно голема. Ехографското иследување покажа уредна позиционираност на протезата во срцето и отсуство на мешање на крвта меѓу двете предкомори- отворот беше затворен, без притоа да бидат засегнати околните структури.
Сл 3 имплантација на протезата
Остана полесниот дел од работата. Преку истата нога и вена, беше заменет системот и поставен нов тип на балон катетер кој помина низ стеснатиот залисток. Со притисок од 3 атмосфери беше отворен залистокот. Контролниот ехо и ангиографски преглед покажа намалување на оптоварувањето за 50%, и ТГВ од 40ммХг.
Сл 4 балон дилатација-валвулоплстика
Двата проблема кај детето беа решени во еден акт. Следниот ден, после ехографската контрола беше пуштено дома. На овој начин беше избегната операција на отворено срце кај мало дете. Бројката на интервенто излекувани деца и возрасни со вродени срцеви маани во Филип Втори се зголеми на 246 пациенти, на возраст од еден месец до 65 години.