00389 2 3091 484
декември 28, 2020
Балансираната исхрана со свежи состојки е основа за силна имунолошка одбрана. Поради тоа, сезонското овошје и зеленчук треба да добијат најголем приоритет во вашата исхрана. Интегралните производи, масла и јатки се исто така важни, бидејќи овие производи содржат важни витамини, елементи во траги и фитонутриенти.
Тие не само што штитат од болести и ни помагаат да ги надминеме, туку и овозможуваат поддршка за многу други процеси во телото.
За жал, луѓето консумираат храна богата со хранливи материи многу поретко отколку што препорачуваат меѓународни експерти. Испитувањето за потрошувачката на храна и однесувањето кон здрава исхрана во Германија покажува дека 59% од населението не успева да го консумира препорачаното количество овошје на ден (250 g). Дури 87% не внесуваат доволно зеленчук (400 g) на ден (Анкета за националните навики во исхраната – Nationale Verzehr- studie II, 2008). Соодветно на тоа, студијата открива недостатоци во снабдувањето со неколку микронутриенти како што се витамин Д3 и фолна киселина. Нивниот внес во поголем дел од популацијата е под референтните вредности за здрави лица според дадените информации од Друштвото за исхрана во Германија.
Наш совет
Јадете повеќе сезонска храна – особено оние со разновидни бои. Важно: овошјето и зеленчукот треба да се готват колку што е можно помалку, бидејќи готвењето може значително да ја намали содржината на витамин.
Доволниот внес на микронутриенти е многу важен за имунолошкиот систем. Лицата со акутни или хронични заболувања имаат потреба од многу поголема количина од оние што се препорачани за здрави лица. Не секогаш може лесно да се задоволи оваа зголемена потреба со нормалните навики во исхраната.