00389 2 3091 484
ноември 11,2015
Јавна благодарност од наша пациентка
После долгогодишна агонија, талкање по лекари специјалисти (интернисти, кардиолози, невролози) во т.н.бесплатно здравство (јавно), кога ја загубив верба та во лекарите и надежта дека еден ден пак ќе застанам на нозе и здравјето пак ке ми се врати на 17 Јуни како од Господ пратен се појави доктор од „ Филип Втори“. Тој не само што ми ја врати надежта за живот туку и насмевката на моите две малолетни деца.Д-р Шпенд Идризи, овој ден ќе го паметам до крајот на мојот живот, кога дојдов кај Вас за да ми ги прочитате резултатите од 24 часовниот холтер.Ме пречекавте со насмевка на лицето и ми рековте да не се грижам, проблемот не е голем, дека се работи за вродена срцева мана и дека со мал интервентен оперативен зафат истата ќе се реши. Ми препорачавте уште едно испитување со кое ќе се потвди тоа. Се уште ги помнам Вашите зборови на заминување „ЌЕ СЕ ВИДИМЕ ВО СКОПЈЕ “….И без тоа испитување, Вие ми ја поставивте точната дијагноза.
Д-р Шпенд, не само што се покажавте со Вашата стручност и знаење туку пред се со Вашата човечност и хуманост, човек полн со позитивна енергија која на пациентите во такви моменти многу им е потребна и им значи.Голема благодарност за СЕ што направивте за мене и Господ да Ви даде Вам и на Вашето семејство добро здравје и долг живот , за да спасувате уште многу човечки животи.Воедно, голема благодарност и на д-р Иван Милев кој заедно со д-р Шпенд Идризи и останатиот тим од лекари и друг персонал , меѓу кои би го спомнала и д-р Гоце , ми направија интервентен оперативен зафат, затварање на ПФО на 18.09.2015.Исто така благодарност до д-р Планинка Зафирова , како и на останатиот персонал од „Филип Втори “ за професионалната работа и добрата грижа и хуманиот однос како во периодот на дијагностицирање така и за време на зафатот и мојот престој во истата.За болницата „Филип Втори“ и нејзиниот тим се најдобро , неможам да најдам соодветни зборови .ЗАТОА, БЛАГОДАРАМ УШТЕ ЕДНАШ НА СИТЕ, и Ви посакувам многу долги години успешна работа и многу , многу јубилеи да дочекате.
Од се срце , Ваш пациент,Катерина Чонева