00389 2 3091 484
август 18, 2020
Летото е веќе во тек па потсетувањето за правилната заштита од сончевото зрачење е секогаш добродојдено. Многумина од нас и покрај веќе добро познатите препораки за заштита од сонцето во секојдневниот живот, сеуште не ги практикуваат дадените совети и со тоа ја изложуваат сопствената кожа и сопственото здравје на ризик.
Сончево зрачење
Добро се познати бенефитите од контролираното изложување на сонце по здравјето на човекот, но за позитивниот ефект сепак е потребна барем мала доза на сончеви зраци – 15 минути, во текот на секој ден. Секое прекумерно изложување на сонце ги надминува позитивните ефекти од сонцето и во краен случај доведува до трајно оштетување на кожата и зголемен ризик за сите типови на кожни тумори.
УВ-индексот е меѓународна, научнa мерка за нивото на ултравиолетово зрачење од сонцето. Таа се користи за да се опише силата на сонцето на одредено место и време. Индексот има опсег од 1 до 11. Колку е повисоко нивото, толку е поголем ризикот од оштетување на кожата.
Постојат три видови на УВ зраци од соцето, УВ-Ц кои се сметаат за најопасни комплетно се апсорбираат од озонската обвивка; УВ-А и УВ-Б сончеви зраци кои имаат различен степен на пенетрација на кожата и различен ефект врз човечкото тело. УВ-А и УВ-Б зраците навлегуваат во кожата во различни длабочини, па прекумерното и некотролирано изложување на овие сончеви зраци доведуваат до многубројни несакани ефекти како што се предвремено стареење на кожата, пигментации, алергиски реакции, изгореници, а во најлош случај може да доведе до појава на рак на кожата.
Оштетувањето на кожата од сонцето е трајна. Секој нареден период на продолжена изложеност прави повеќе штета на веќе ослабениот локален имун систем и генетски материјал на кожата. Изгорениците со тек на неколку дена заздравуваат, но главните промени на кожата остануваат.
Она што е важно да запамтиме е дека сите имаме улога во секојдневната превенција на кожните тумори, битката започнува со тоа што знаеш дека си во опасност, и што треба да правиш во врска со тоа- од кампањата на Euromelanoma. Немој да бидеш поразен поради негирање!
Корисни совети кои помагаат во превенција од штетеното дејство на сончевите зраци
Како крај, она што треба да го запамтите е дека продолженото изложување на УВ зрачењето ги оштетува колагените влакна на кожата, прави оштетување на молекуларно ниво и предизвикува создавање на слободни радикали. За ова не се должни само долгите денови поминати на плажа туку и секојдневното небезбедно изложување на сончевото зрачење како што е одењето до кола, работа на отворено, па дури и работа покрај прозорец.
Затоа потемнета кожа значи повредена кожа, односно знак дека телото се бори и се обидува да се заштити од дополнително ДНА оштетување.
Д-р Александра Лазаревска
Специјалист дерматовенеролог