00389 2 3091 484
септември 26, 2025
Во Скопје се одржа Регионалната школа за срцева слабост, настан кој обедини врвни професори и експерти од Европа со цел размена на знаење и најнови практики во областа на кардиологијата.
После завршување на две годишната школа за срцева слабост во Лондон која е под раководсво на проф. д-р Томас Лушер, доц. д-р Тања Анѓушева дел од организаторите на школата за срцева слабост и во нашата земја член на Македонското здружение по кардиологијa заедно со претседателот проф. д-р Јорго Костов и организациониот одбор ја организираа реализацијата на школата. Регионалната школа по срцева слабост беше подржана од Асоцијацијата за срцева слабост (Heart Failure Association – HFA) и реномираните центри London Heart House и Zurich Heart House кои неколку децении наназад традиционално ја одржуваат оваа школа. Истата е акредитирана и во Европсакиот Акредитацијски совет за континуирана медицинска едукација. Клучни предавачи на школата беа еминентниот проф. д-р Томас Ф. Лушер претседател на Европскот здружение по кардиологија, проф. д-р Марко Метра претседател на Европската асоцијација за срцева слабост, проф. д-р Петар Сеферовиќ поранешен претседател на Европското здружение по кардиологија, проф. д-р Јакопо Оивиото лидер во третманот на хипертрфичната кардиомиопатија, проф. д-р Филипо Креа одогворен за едитирање на стручни списанија при Европското здружение, проф. д-р Јадранка Стојановска лидер во Магнетната дијагностика, и многу други страни и домашни предавачи.
Клиничката болница Жан Митрев имаше активно учество преку предавањето на доц. д-р Тања Анѓушева, специјалист по интерна медицина, супспецијалист по кардиологија, кoja e еден од директорите на Школата. Експозето на доц. д-р Анѓушева беше на тема „Справување со акутна срцева слабост“ во сесијата наменета за Акутна и напредна срцева слабост. Свое учество имаше и проф. д-р Милка Клинчева, специјалист по интерна медицина, супспецијалист по кардиологија на тема „Магнетната резонца на срце во дијагностика на срцевата слабост“.
Конференцијата дополнително ја збогатија и предавачи од Велика Британија, Германија, Швајцарија, Италија, Турција, Холандија, Словенија, Шведска, Норвешка, Србија и Бугарија, кои со 250 кардилози како присутни споделија искуства и најнови сознанија, отворајќи нови перспективи за третман и истражување. На школата имаше пријавено слушатели и од Холандија, Италија, Турција и Грузија.