00389 2 3091 484
февруари 3, 2020
Ленот како култура започнал да се одлегдува 4000 – 2000 год. п.н.е во Медитеранските земји и некои делови од Блискиот Исток. Уште на почетокот вредноста на ова семе била многу голема и главно се користело во кулинарството. Маслото од лен има светло жолта боја која се добива од семето на самото растение. Тоа е ладно цедено масло без хемиски компоненти, добиено по постапка на ладно пресување на семето. Сите нутритивни и здравствени придобивки кои ги има семето ги содржи и маслото од лен, бидејќи со постапката на ладно пресување, која е на температура не повисока од 40 степени се задржуваат сите хранливи состојки.
Нутритивни бенефити од ладноцедено ленено масло:
Како да го вклучиме во секојдневна употреба?
Лененото масло може да се консумира како додаток во повеќе видови храна: со јогурт или кисело млеко, промешано со свежо кравјо сирење или свежа салата за подобро здравје.
Лененото масло може да се користи и за надворешна употреба, за нанесување на кожата, како и за третман на разни воспаленија, изгореници, егзем, псоријаза, осипи и акни. Многу помага и за сува кожа која се лупи.
Доколку се одлучите да го користите поради богатиот извор на омега-3 масни киселини, се препорачува дневен внес од 2-4 лажици кај возрасна особа.
Корисни информации за омега 3 масните киселини:
Омега 3 мастите се есенцијален дел за одржување на здрав и витален организам. Најдобар извор на овој вид масти е лененото семе. Семињата и јатките се добри извори на омега-3 масти.
Постојат три видови омега 3 масни киселини: EPA(еикозапентаеноинска киселина), DHA (докосахексаеноична киселина) долголанчани омега-3 масни киселини и ALA (алфа-линолеинска) кратколанчани есенцијални масни киселини.
Во веганската исхрана се препорачува внес на ленено масло кое е богато со омега-3 масти. потребни за добро здравје и благосостојба на организмот. Лененото масло ги содржи ALA кратколанчаните масни киселини. ALA масните к-ни се основна градбена единица на EPA и DHA масните киселини кои може да се создадат/синтетизираат во нашиот организам. Со овој податок ALA масните киселини претставуваат најдобриот извор на омега 3 масти и истите ги има само во ладно цедено ленено масло или семе.
Согласно препораките од СЗО (светска здравствена организација) дневните потреби од омега-3 масните киселини изнесуваат од 250mg-2000mg.
Кај лица со коронарни срцеви заболувања и покачено ниво на триглицерити се препорачува зголемен внес на омега-3 масни киселини до 4000mg/дневно.