00389 2 3091 484
јануари 27, 2020
Чувство на напнатост во вратот, ограничени движења, чести главоболки и трнење во рацете едни од најчестите симптоми на цервикобрахијалниот синдром.
Цервикобрахијален синдром (Цервикобрахиалгија) е термин кој ја опишува болката и напнатоста во пределот на цервикалниот ‘рбет со симптоми кои се шират кон рамениот појас и горните екстремитети. Оваа состојба може да биде поврзана со трнење, вкочанетост или непријатност во рацете, горниот дел од грбот и горниот дел на градите пропратена со или без главоболка.
Ова се главно симптомите кои го карактеризираат овој синдром. Кај голем број на пациенти се јавуваат и сензорни нарушувања кои се рефлектираат од цервикалниот ‘рбет во горните екстремитети. Поимот „синдром на цервикобрахиалгија“ означува збир на симптоми на вратот и раката за кои не постои позната и докажана причина.
Од физиолошки аспект претставува збир на симптоми поврзани со иритација или компресија на корените на нервите во интервертебралните отвори или компресија на васкуларните компоненти на симпатикус. Кај 90% од случаите со овој синдром основата е во дегенеративните промени на вратната регија.
Модерното време и зависноста од компјутерите и смарт мобилните уреди, се едни од главните причини за намалување на обемот на движење на мускулите и изместување на анатомскта позицијата на поставеност на вратот.
Мануелните техники се дел од конзервативниот третман кој е ефикасен во програмот за намалување на болките и напнатоста во вратот, особено доколку ова е комбинирано со соодветни вежби.
Со мануелниот третман се обработуваат тригер точките ,и се врши истегнување на засегнатиот мускул и опуштање на длабоките мускулни структури.
Tригер точките претставуваат мускулни “чворови” односно збир на скратени мускулни влакна кои што се наоѓаат во мускулното ткиво. При формирањето на тригер точките се променуваат биохемиските процеси во мускулите, се нарушува локалната циркулација и настанува хипотрофија и болка на засегнатиот мускул. Причините за појавување се: прекумерното или хронично мускулно преоптоварување, психолошки стрес, директна траума и сл.
Обработката на тригер точките и засегнатиот мускул се извршува со исхемична компресија врз самата точка и истегнување на мускулот.
Со третманот на тригер точките се постигнува подобрување на локалната циркулација, се намалува болката и се враќа физиолошкиот обем на движење на засегнатиот мускул.
Мануелниот третман секогаш може да се комбинира и со други техники како што се: