Комуникација здравствен работник – пациент

Дневна доза здравје

март 11, 2015

Комуникација здравствен работник – пациент Клуч за поуспешно решавање на проблемот

Колку пати сте биле задоволни или незадоволни од комуникацијата со здравствените работници, со Вашиот лекар.

На која страна натежнува кантарот? Колку внимателно Ве ислушал , советувал, разговарал со Вас? Колку сте биле отворени, искрени, трпеливи во тој разговор?

Комуникацијата е дел од решавањето практично на сите проблеми што се јавуваат и општо е познато дека добрата комуникација е еден од предусловите за успешно решавање на истите.

Кога пациентот оди на лекар заради некаков здравствен проблем решавањето на истиот бара интензивна комуникација помеѓу лекарот и пациентот. Главните прашања на кои пациентот бара одговор се „Што не е во ред со мене?“ ,„Зашто го имам тој здравствен проблем“? ,„Како истиот да го решам? “.

Бројни се истражувањата кои го потврдуваат фактот дека луѓето најчесто бараат мислење и совет од докторите во моментот кога ќе сватат дека не можат сами да се изборат со тешкотиите кои ги имаат. Тогаш најчесто се чуствуваат обесхрабрени и немоќни. Затоа се тука здравствените работници да дадат максимум од себе во лечењето или пак надминувањето на болеста или состојбата во која се наоѓа пациентот .Но во реалноста не е секогаш така.

На шемата подолу, таа сложена размена ја претставуваме упростено преку т.н Шрамов модел.

Од моделот можеме да видиме дека комуникацијата започнува со т.н енкодирање (шифрирање) на пораката така што лекарот избира начин (зборови, емоции, однесување) како да ја пренесе пораката на пациентот. Пациентот пак ја декодира (дешифрира) таа порака, преку својата личност ја интерпретира (толкува) на свој специфичен начин и исто така ја енкодира (шифрира) бирајќи начин (зборови, емоции и однесување) како да му ја испрати на лекарот и така се во круг.

Комуникацијата помеѓу лекарот и пациентот е дополнително специфична бидејќи централна тема е здравјето на пациентот, а токму здравјето е најчувствителната тема кај секој од нас одлично срочена во народната поговорка: „ Здравиот човек има илјада желби, а болниот само една.“ Иако секој лекар со секој свој пациент гради засебен стил на комуникација, генерално, лекарите може да се карактеризираат со два типа на комуникација со пациентите прикажано во следнава шема:

Успешноста на комуникацијата е условена од многу фактори и токму заради тоа нејзиниот квалитет често пати варира. Комуникацијата помеѓу лекарот и пациентот може исто така да потфрли и да доведе дури и до конфликтен однос.

Па така, лошата комункација може да доведе до :• нарушена меѓусебна доверба ;• прикривање важни информации за здравствениот проблем од обете страни ;• зголемување на напнатоста кај пациентот (но и кај лекарот) ;• откажување на пациентот од понатамошна медицинска помош ;• меѓусебни недоразбирања ;• погрешно разбирање на лекарските совети ;• зачестени жалби од страна на пациентите

Од друга страна, добрата комуникација ќе доведе до:• доверба помеѓу лекарот и пациентот ;• отвореност пациентот да сподели важни информации со лекарот ;• поголемо задоволство кај пациентот ;• поголема вклученост на пациентот при донесувањето одлуки за неговото здравје ;• ќе му помогне на пациентот при донесувањето одредени одлуки ;• пореалистични очекувања од страна на пациентот ;

• помал ризик од правење грешки во процесот на лекувањеМеѓусебните конфликти ескалираат заради НАЧИНОТ на кој комуницираме едни со други. Сите ние (и здравстевните работници и пациентите) реагираме на она што ќе ни го каже некој и превземаме одредени активности. Без разлика дали се браниме, напаѓаме, се повлекуваме или смирено реагираме, ние со тоа влијаеме врз реакцијата на другиот.

Ние имаме удел врз насоката и конечниот исход преку зборовите што ќе ги употребиме, емоциите што ќе ги донесеме и невербалните пораки што ќе ги испратиме преку телото.

Пред самиот крај на овој текст, прикажуваме една шема во која се наведени двата типа на мисловен склоп, оној кој поврзува и оној кој гради ѕидови (не само помеѓу лекарот и пациентот туку и многу пошироко – помеѓу секој од нас)

За крај, прочитајте ги “законитостите” за комуникацијата кои ги кажал еден нејзин истражувач Осмо Вило, кои не се законитости во научна смисла, но секојдневието на чуден начин понекогаш ни ги потврдува. Тие гласат вака:АКО КОМУНИКАЦИЈАТА МОЖЕ ДА НЕ УСПЕЕ – И НЕМА ДА УСПЕЕАКО ПОРАКАТА МОЖЕ ДА СЕ РАЗБЕРЕ НА РАЗЛИЧНИ НАЧИНИ, ЌЕ СЕ РАЗБЕРЕ ТОКМУ НА ОНОЈ НАЧИН КОЈ ЌЕ НАНЕСЕ НАЈМНОГУ ШТЕТАСЕКОГАШ ИМА НЕКОЈ КОЈ ЗНАЕ ПОДОБРО ОД ВАС ШТО СТЕ МИСЛЕЛЕ СО ВАШАТА ПОРАКАКОЛКУ ПОВЕЌЕ КОМУНИКАЦИЈА ТОЛКУ ПОТЕШКО ДЕКА КОМУНИКАЦИЈАТА ЌЕ УСПЕЕ

Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“ 24 часа Ви стои на располагање. НИЕ СМЕ ТАМУ КАДЕ ШТО ЖИВОТОТ ЖИВЕЕ.

Напишете ги во коментар на темата вашите искуства, размислувања и прашања во однос на оваа тема. Тоа може лесно да го направите доволно е да станете фан на нашата фејсбук страна.