00389 2 3091 484
јули 14, 2015
Креативна работилница здрав дух во здраво тело – како да бидеме подобри спортисти
Последното предавање во кампот„Кирил Лазаров 7“ бешереализирано преку креативна работилница „Здрав дух во здраво тело како да бидеме подобри спортисти“.Во современото динамично живеење спортувањето е најдобриот начин на кој може да го зачуваме здравјето. Но едновремено спортот претставува и извор на стрес. Што значи да се биде тимски играч, како да се дојде до победа и како да бидеме најдобри во она што го правиме?
Како да го намалиме притисокот пред натпревар? Низ креативна работилница која ја водеше Фросина Ристовска психолог од Специјалната болница Филип Втори најмладите на кампот имаа можност да научат за тоа како самите функционираат во тим, да искусат што се случува кога меѓусебно не се координирани и да научат како најдобро да се подготват пред секој тренинг. Дополнително имаа можност да споделат како секој од нив се поддржува пред натпревар преку редовно спиење, здрава храна, посветеност на вежбањето и избегнување на стрес преку техники кои ги релаксираат. За да се биде добар спортист неопходно е оптимално психофизичко здравје, развиена рутина и максимална посветеност.