00389 2 3091 484
јануари 25, 2021
Во месецот за подигање на свеста кај жените за превенција и опасностите од ракот на матката потсетуваме и на важноста на исхраната за женското здравје.
Медицината вели дека нутритивните потреби кај жените се разликуваат од тие на мажите, како и на децата. Но, зошто е тоа така?
Кај деца, нутритивните потреби се исти независно од нивниот пол. Но, за време на пубертет и во понатамошниот живот, жените имаат поинакви потреби. Со текот на годините, телото на жената поминува низ повеќе физички и хормонални промени, така што хранливите потреби се менуваат, а со исхраната треба да се одговори на барањата на организмот.
Докажано е дека жените имаат потреба од помалку калории за разлика од мажите, но, од друга страна пак потребите за одредени витамини и минерали им се многу повисоки. Хормоналните промени поврзани со менструација, бременост и менопауза жените ги доведуваат до поголем ризик од анемија, поголема кршливост на коските и остеопороза, а тоа пак бара повисок внес на хранливи материи и тоа: железо, калциум, магнезиум, витамин Д и витамин Б9 (фолна киселина ).
Соодветната исхрана не само што може да го подобри расположението, да ја зголеми енергијата и да помогне во одржувањето на здрава тежина, туку може да биде огромна поддршка во различни фази во животот на жената. Здравата храна може да помогне да се намали ПМС, да се зголеми плодноста, да се олесни бременоста и периодот на доење, да се олеснат симптомите на менопауза и да се зачува цврстината на коските. Секако, генерално тоа значи да се подобри имунитетот на една жена, а со тоа да стане поотпорна на разни инфекции и друг вид здравствени предизвици.
Важно е дека она што е најдобро за една жена можеби нема да биде најдобриот избор за друга, и затоа, изборот на храна и хранливи состојки треба да биде според индивидуалните витални потреби, во зависност од возраста, физичката активност и сл.
Калциум за цврсти коски
Калциумот е потребен за градбата на цврсти и здрави коски и заби, за да се одржат силни во текот на животот, го регулира ритамот на срцето и обезбедува правилно функционирање на нервниот систем. Дефицитот на калциум може да доведе до проблеми со расположението – раздразливост, анксиозност, депресија и тешкотии во спиењето. Ако не се внесува доволно калциум со исхраната, телото го користи калциумот од коските за да обезбеди нормална функција на клетките, што може да доведе до ослабени коски или остеопороза. Жените се изложени на поголем ризик од остеопороза отколку мажите. Затоа важно е да се внесува калциум во доволна количина, во комбинација со магнезиум и витамин Д за да се зачува здравјето на коските.
Добар извор на калциум се млечните производи, лиснатиот зелен зеленчук, тиквичките, одредени риби, легуминозите и др. Организмот не може да искористи повеќе од 500 mg во еден наврат и затоа нема корист од надминувањето на препорачаната дневна количина.
Според USDA (United States Department of Agriculture), за жени на возраст од 19-50 години, дневната препорачана доза е 1000 mg. За жени над 50 години, препорачаната дневна доза е 1200 mg.
За сите возрасни групи се препорачува задоволување на препорачаниот дневен внес за калциум (ПДВ = 800 mg.).
Магнезиум
Магнезиумот ја зголемува апсорпцијата на калциум од крвта во коските. Всушност, организмот не може да го искористи калциумот без магнезиум. Препорачаната дневна доза на USDA за магнезиум е 320 до 400 mg/ден. Добар извор се зелениот лиснат зеленчук, брокули, тиквички, краставици, боранија, целер и разните семиња.
На возрасен човек дневно му е потребно 400 мг магнезиум за мажи, 300 мг за жени, кај бремени жени и доилки – 450 mg.
Витамин Д
Витаминот Д исто така е клучен за правилен метаболизам на калциум. Препораките се 600 IU дневно. Витаминот Д може да се обезбеди со околу половина час директна сончева светлина, како и од храна како лосос, ракчиња, млеко збогатено со витамин Д и јајца.
Луѓето кои се многу зафатени и се подложени на постојано оптоварување треба да внимаваат на снабдувањето со микронутриенти. Бидејќи поголемиот дел од микронутриентите не можат да бидат произведени од страна на телото, тие мора да се консумираат преку храната.
Препорачаниот дневен внес за витамин Д, имајќи превид дека нашата земја има голем број на сончеви денови, се движи од 5 до 10 мг, во форма на холекалциферол. Варијации од овој внес се можни доколку има индикации за здравствени проблеми за кои лекарот ќе процени дека има зголемени потреби од внес на витамин Д. Со зголемување на внесот на витамин Д над 100 mg на ден се зголемуваат потенцијалните негативни ефекти од предозираност.
Сепак, на нашите тела не им се дава секогаш она што им e потребно. Многу луѓе, исто така, реагираат на нивниот брз секојдневен живот со прифаќање на однесување што може да му наштети на нивното здравје, како што е: јадење неурамнотежена исхрана, „не вежбање“ и консумирање алкохол и никотин.
Токму поради немањето доволно време а и можности да набавиме и подготвиме ваква храна ние ви го нудиме Orthomol Vital F како специјализирана формула на додаток во исхраната наменет токму за жените. Тој е специфична комбинација на микронутриенти направена токму за вас и којшто можете да го најдете во Фила Аптека која работи во склоп на нашата клиника.
Да напоменеме дека во нашата клиника нудиме советување со наш нутриционист кој може да ви даде квалитетни, полезни совети во однос на вашето здравје, а е поврзано со исхраната.
Тука да напоменеме и дека нашиот Центар за женско здравје овој месец овозможува 30% попуст на комплетен гинеколошки преглед, брис за ХПВ, МРИ на матка, а достапни се и ехо на дојка, 2Д и 3Д мамографија, и остеодензитометрија по повластени цени.
Се грижиме за вашето здравје!