00389 2 3091 484
јануари 6, 2021
Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во Клиничката болница Жан Митрев започна со потрагата по “британскиот сој” VOC 202012/01 во Македонија.
Деновиве како дел од научно-истражувачката работа развивме брз PCR протокол според којшто можеме да селектираме суспектни кандидати за VOC 202012/01 сојот во Македонија. После селекција неговото присуство или отсуство се потврдува преку нова генерација на секвенционирање во реално време. Според досегашните анализи НЕ СЕ детектирани изолати со присуство на британскиот сој VOC 202012/01.