00389 2 3091 484
април 14, 2016
Изведување на оперативни интервенции, без отворање на стомачната празнина
Оперативните интервенции на стомачните органи, се изведуваат низ неколку отвори на стомачниот ѕид – порти, во пречник од 5-10 мм. од каде се внесуваат интерументите за вршење на оперативната интервенција.
Низ првиот отвор кој обично се креира над папокот, најнапред се пласира една игла-Верес –ова игла во стомачната празнина, низ која се вдувува воздух- CO2 или N2O, до достигнување на одреден притисок внатре во стомачната празнина, така да стомачниот ѕид се подига како шатор, каде што може потоа слободно да се работи.
Минимално агресивна хирургија
Максимална можност за експлорација на интраабдоминалните органи бидерјќи со лапароскопот е доволен простор од 1 см да се влезе позади секој орган, да се стекне увид од сите страни, а сето тоа зголемено на екран за 10-20 пати.
Брзо постоперативно опоравување и заздравување
Брзо враќање на работоспособноста и во општествениот живот
Последна и директна дијагностичка метода, со можност да помине и во терапијска.
Во нашата установа лапароскопска хирургија се работи од 2002.год.
Во нашата установа за прв пат во македонија се направија следните лапараскопски интервенции :
Прва лапароскопска спленектомија – лапароскоспко вадење на слезенката во РМ (07.11.2002 год.)
Прва Лапароскопска холецистектомија во Р.М. на буден пациент – во висока епидурална анестезија ( 14.11.2002 год.)
Прва лапароскопска екстирпација на Тумор на десен овариум со деснострана аднексектомија – лапароскопско отстранување на голем тумор – големина на портокал – солиден дел + цистичен дел во големина на детска глава на десниот јајник заедно со десната туба (24.01.2003 год.)
Лапароскопско затворање на јејуностома за исхрана ( 13.06.2004 год. )
Лапароскопски интервенции кои се работат во нашата установа:
Лапароскопска холецистектомија – вадење на жолчната кеса
Лапароскопска спленектомија – вадење на слезенката
Лапароскопска корекција на херниа-кила
Лапароскопска апендектомија – отстранување на слепо црево
Лапароскопско отстранување на цисти на овариум- јајник, отстранување на овариум и туба утерина.
Лапароскопска адхезиолиза – решавање на прираслици помеѓу органите во стомачната празнина
Лапароскопски ресекции на дебело црево
Лапароскопски ресекции на тенко црево
Лапароскопска фундупликација – решавање на хијатална хернија – кила на желудникот
Лапароскопски интервенции кај гојазност – 1. Гастрик бендинг – затегање на желудникот, 2. Надолжна ресекција на желудникот.
Лапароскопска експлорација како дијагностичка метода, а истовремено и терапијска доколку процесот дозволува.
Лапароскопска спленектомија ( вадење на слезенката )
Индикации:
Идиопатска тромбоцитопенија – силно смален број на крвните плочки-тромбоцити, без дијагностицирана причина.
Спленомегалија со хиперспленизам – наголемена слезенка со ниски вредности на крвните елементи ( забрзано се распаѓаат во слезенката ).
Епидермоидни цисти – најчести цистични формации на слезенката
Туморозни промени на слезенка