00389 2 3091 484
март 13, 2019
Миомите или фиброиди се бенигни тумори кои потекнуваат од мазната мускулатура на матката.
Често пати се асимптоматски, но може да дадат и сериозни симптоми како абдоминална болка, пообемно менструално крварење, притисок во пределот на бешиката со зачестени микции, или отежнато мокрење, притисок на уретери со следствена хидронефроза, притисок на ректумот со тенезии или опстипација, болки во пределот на крстот…
Торквација на петелката на пендикуларните миоми може да даде јака абдоминална болка и состојба позната како акутен абдомен која бара итен хируршки третман.
Во однос на инциденцата, миомите се чести, 20-80% се појавуваат околу 50-тата година од животот.
Ризик фактори се: наследната компонента, обезност, хипертензија, ПЦО – ЦС, неправилна исхрана…
Во однос на положбата миомите се класифицираат на:
Дијагнозата е едноставна- гинеколошки преглед и вагинален ултразвук. Во ретки случаи е потребна МРИ на мала карлица.
Третманот може да е:
– хируршки – отстранување на леомиомот ( лапароскоскопија, лапаротомија)
– хистеректомија – отстранување на целата матка.