Летна школа за третман на рани

Дневна доза здравје

август 29, 2016

Во период од 25- 29.07.2016 во организација на Медицински Универзитет во Грац Австрија под покровителство на Ломан и Раушер, се одржа меѓународна летна школа за современ третман на рани .

На летната школа присуствуваа околу 25 претставници од Русија, Турција, Саудиска Арабија, Иран, Филипини, Хрватска, Србија , како и Др. Еди Стерјо како претставник од Македонија како дел од тимот на Др.Жан Митрев.
Целта на летната школа е обезбедување на едукација како и стандарди за правилен третман и грижа за раните.
Во склоп на летната школа се одржаа  секојдневни предавања со приказ на случаи за третман на хронични рани како и работилници за примена на вакум терапија во третман на истите.
Од научните предавања беа опфатени неколку категории поврзани со менаџмент при третман на рани и тоа :

Физиологија на заздравување на рана
Проценка на хронични и акутни рани како и документирање на истите
Стандарди за третман на рани
Хируршки и нехируршки третман на рани.
Примена на негативен притисок во третман на рани
Третман на изгореници

Организатори на летната школа за современ третман на рани беа :
Prof. Lars-Peter Kamolz M.D. M.Sc,   од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Медицински Универзитет Грац
Prof. Erwin Petek M.D., Ph.D. од Институтот за хумана генетика при Универзитетот во Грац

Предавачи во скоп на летната школа :
Prof. Barbara Binder M.D.
Prof. Lars-Peter Kamolz M.D., M.Sc.
Prof. Erwin Petek M.D., Ph.D.
Maurice Tomka, M.D.
Prof. Michael Schintler M.D

По завршувањето на летната школа секој од кандидатите доби домашна задача за третирање и документирање на 3 хронични рани, како и полагање тестови на интернет.
По успешно комплетирање на домашната задача како и успешно совладаниот тест, секој кандидат треба да добие сертификат во оригинал кој ќе биде пратен по пошта.
Со самото присуство на летната школа исто така секој од кандидате се здоби со отпочнување на МАSTERS студии кои постои можност да се продолжат во наредниот период со повторно гостување на школите кои Медицинскиот Унуверзитет ги организира.