Мануелна лимфна дренажа

Дневна доза здравје

февруари 4, 2020

Што е лимфен систем?

Лимфниот систем е вториот циркулаторен систем покрај крвоносниот и е од отворен тип.Се состои од лимфни садови,лимфни јазли и лимфоидни органи низ кои постојано циркулира лимфата. Главната улога на лимфниот систем е да се собере вишокот течност од ткивата,да се прочисти и да се врати во крвотокот. Оваа е важна улога бидејќи многу супстанции континуирано истекуваат од капиларите во крвта во околните ткива. Кога лимфниот систем не може да успее да ги измие овие вишок течности,тие можат да се акумулираат, да предизвикаат оток и потенцијално да го зголемат ризикот од инфекција. Ефикасен лимфен систем помага да го одбрани телото од бактерии,вируси и габи кои можат да предизвикаат болест. Лимфниот систем ја исфрла течноста во специфични региони на телото како што се пазуви и препони,каде што има концентрација на лимфни јазли.Лимфните јазли содржат лимфоцити(вид на бели крвни клетки) и некои од овие лимфоцити содржат антитела кои се борат против бактериите и ја спречува инфекцијата од ширење низ телото. Лимфната дренажа го забрзува текот на лимфата во лимфниот систем и нејзиниот капацитет да се бори против болестите и вирусите,отстранува отрови и отпадни материи, го намалува отокот, ја филтрира лимфната течност и крв што води кон подобро здравје.

Што е лимфедем?

Лимфедема или лимфна обструкција е долгорочна состојба во која вишокот течност се собира во ткивата што предизвикува оток (едем). Предизвикана е од блокирање на лимфниот систем т.е лимфен застој. Најчесто влијае на една од рацете или нозете,во некои случаи двете раце и двете нозе. Некои пациенти може да доживеат оток во главата, гениталиите или градите. Лимфедемата е неизлечива, но со правилен третман може да се контролира. Болеста поминува низ четири стадиуми:во првиот стадиум отокот само се појавува. Во вториот, отокот се појавува но изчезнува. Во третоит стадиум едемот е траен и во последниот стадиум се зголемува и доаѓа до деформации на засегнатите  екстремитети.

Разликуваме примарна и секундарна лимфедема.Примарната лимфедема е доста редка и може да биде предизвикана од мутации во некои од гените вклучени во развојот на лимфниот систем. Овие погрешни гени интерферираат со развојот на лимфниот систем, поткопувајќи ја неговата способност правилно да ја исцеди течноста.

Секундарната лимфедема има неколку можни причини, вклучувајќи:

Рак хирургија.Ракот може да се шири низ телото преку лимфниот систем.Понекогаш хирурзите ги отсрануваат лимфните јазли за да го спречат ширењето.Постои ризик да влијае на лимфниот систем, што доведува до лимфедема.

Терапија со радијација: Употреба на радијација за уништување на канцерогено ткиво понекогаш може да оштети здраво ткиво во близина, како што е лимфниот систем и може да резултира со лимфедема.

Инфекции: Силната целулитис инфекција може да го оштети ткивото околу лимфните јазли или крвните садови.Некои паразитски инфекции, исто така, може да го зголемат ризикот од лимфедема.

Воспалителни состојби: Условите кои предизвикуваат ткивото да се издува (стануваат возпалени) може трајно да го оштетат лимфниот систем, како што се ревматоиден артритис, дерматитис и егзема.

Кардиоваскуларни болести: Овие се болести кои влијаат на протокот на крв. Некои пациенти со кардиоваскуларни болести имаат поголем ризик од развој на лимфедема, како што се DVT (длабока венска тромбоза), венски чирови на нозете и проширени вени.

Повреда и траума: Поретко, тешки изгореници на кожата или нешто што резултира со прекумерни лузни може да го зголеми ризикот од развој на лимфедема.

Лимфедемата е неизлечива, но со правилен и континуиран третман може да се контролира. Основен конзервативен метод во борба против лимфедемата е мануелната лимфна дренажа (MLD), комбинирана со компресивна терапија и нежни терапевтски вежби. Нејзината способност да го намали отокот во засегнатите делови од телото е многу добро докажана.

Што е лимфна дренажа?

Лимфната дренажа е специјализирана техника на масажа, базирана на анатомијата на лимфниот систем која е дизајнирана да го намали отокот преку подобрување на лимфната дренажа.Таа овозмжува да се пренасочи течноста од областите каде што е присутен отокот, кон функционалните лимфни јазли. Ова е важен принцип во менаџментот на лимфедемата. Во MLD се применува специфични движења на рацете на површината на кожата и се следат анатомските лимфни патишта на телото за да се промовира дренажа од погодениот екстремитет.Тоа вклучува нежно пумпање на кожата.  Како резултат на тоа, лимфниот проток низ телото се зголемува, без зголемување на филтрацијата, со што се намалуваат лимфните стази и симптомите на лимфедем

Историјат

Д-р. Емил Воддер  со својата сопруга д-р. Естрид Воддер од Данска се првиот медицински тим во почетокот на 20 век кои пројавиле интерес поблиску да ја испитаат работата на лимфниот систем, следејќи ги отечените лимфни јазли кај луѓето со настинки. На крајот ја измислуваат мануелната лимфна дренажа, исто позната како лимфна масажа. Формираат школа во 1967 год. за едукација на медицински професионалци заинтересирани за учење на MLD и имаат поставено стандард за практика. Иако во овие денови методот се користи првенствено за лекување на лимфедемата, нивните техники продолжуваат да се изучуваат непроменети. Понатамошното разбирање на лимфниот систем инспирираше појава на варијации врз оригиналните методи, сепак Воддер методот останува најшироко користен.

Мануелната лимфна дренажа се обидува да го охрабри природното движење на лимфата преку лимфниот систем. Се фокусира на областите што задржуваат вишок течност и се обидува да го стимулира лимфниот проток со помош на неколку различни техники за движења на рацете. Овие движења се поделени во две главни фази:

– работна фаза или фаза на расчистување со примена на нежен притисок во областа и нејзино поттикнување на движење.

фаза одмор или реапсорпција.

Овие движења се бавни и повторувачки во сесија која трае од 45мин до 90 мин, изведени од страна на професионални лиценцирани MLD терапевти. Тие ги определуваат  бројот на сесии и нивното времетраење во зависност од тоа како телото реагира на масажата и колку бргу се реапсорбира течноста. Факт е дека периодот на опоравување е долг но за среќа третманот е безболен и делува пријатно и релаксирачки врз пациентот и се покажал како најдобар метод во контрола на лимфедемата.

Предности

Активирање на циркулација на течности, зголемување на контракцијата на лимфните садови, цедење на токсини, макромолекули, масти и стимулирање на имунолошкиот систем, намалување на мускулни грчеви, стимулирање на парасимпатичкиот систем, подобар квалитет на спиење и најважно намалување на едемата(отокот).

Несакани ефекти и мерки за претпазливост

Лимфната дренажа треба да се избегнува кај лица со конгестивна срцева слабост, воспаление или инфекција на лимфните садови, активни крвни згрутчувања (ДВТ) или длабока венска тромбоза, кожни инфекции, висока фебрилност . Во секој случај пред да почнете со терапија посоветувајте се со вашиот терапевт и дискутирајте за вашата медицинска историја и за било какви промени кои ке се појават во периодот на лекувањето.

Ивана Костадинова

Дипл.Кинезитерапевт

Тел.02/3091484

Моб.078386554

Е-маил: ivana.kostadinova@zmc.mk