00389 2 3091 484
јули 12, 2023
Во рамки на Handball camp 40×20 кој се одржа од 2 до 7 јули во Охрид чиј што медицински партнер е ZAN MITREV CLINIC, беа згрижени 90 деца. Имено нашиот педијатар д-р Станислава Ангелеска беше континуирано присутна на терените и со своите брзи професионални реакции им излегуваше во пресрет на сите потреби на децата. Гостуваше и нашиот Европско лиценциран психотерапевт и психолог доц.д-р Кристина Егуменовска, која одржа четири интерактивни работилници со камперите во тек на два работни дена. Согласно развојната возраст, децата работеа на себе и контактот со другарите низ игра и развојно прилагодени задачи, преку кои развиваа свест за тимска соработка, невербална комуникација, телесен контакт со ривал и рефлексија за емоционално-социјални аспекти на теренската игра.
Веруваме дека камперите уживале!