00389 2 3091 484
декември 12,2015
Моето име е Жарко Станимировиќ имам 34 години, од Скопје. Работам во Министерство за култура, магистер сум по етнолoгија и социјална антропологија. Физички бев многу активен , но пред извесен период почувствував голема разлика во физичката кондиција. Порано сум можел на пример, 10 км со велосипед да ги извозам за 20 минути , одеднаш ми станаа тешки па потребни ми беа 40 минути. Качувањето по скали ми стана ноќна мора, а порано ги прескокнував. Бев сигурен дека нешто не е во ред со мене. Отидов на матичен лекар, од таму на клиника, од клиника во дурга установа, постојано во круг. Едноставно немаше никакви индикации од тие прегледи дека нешто не е во ред со моето здравје, а јас не се чувствував добро. Од тамошните испитувања добивав различни дијагнози, од многу тешка настинка до алергии. Ми даваа антибиотици, кога немаше никакво подобрување од нив ми препишуваа посилни антибиотици, но мојата состојба не се подобруваше, 4 месеци пиев лекарства за да ја излечам алергијата која всушност ја немав. Сите можни нус ефекти кои се напишани на лековите кои ми ги даваа како терапија ги почуствував на моја кожа. Од нив ми се влошуваше состојбата. Стомакот ми беше постојано надуен, немав сила за ништо , луѓето кои ме познаваа кога ќе ме видеа беа вчудоневидени како одеднаш се превтворам во старец. Лекарите не знаеа што да прават со мене и почнаа да ме анализираат од глава до петици секој ден. Повеќе време поминав по клиники од колку на работа и дома. На еден од тие прегледи, на еден од многуте докторите му беше контрадикторен мојот случaј. Поточно резултатите беа добри а пациентот односно јас, лошо. На крај на работно време ме повика да ме прегледа на ЕХО како што ми кажа – случајно да не испуштил нешто. На ехото откри дека јас буквално „ се давам “ во течност. Потоа дознав тоа се нарекувало асцит, тоа не е болест туку е последица од нешто. Почна потрагата по причината за асцитот . Од една клиника на друга престојував на 3 клиники по 2 недели. Испитуван сум од многу доктори , нивниот најчест коментар беше .. „ Јас ова го немам видено за 40 години, … не е можно вакво нешто“ и слични реакции.
Имаа три опции за причината која ми го полни стомакот со течност: црниот дроб, срцето или канцер. Се од ова што беше посочено како причина беше отфрлено после испитувањата.
Мене од ден на ден состојбата ми се влошуваше , течноста во мојот организам се зголемуваше. Можеше да ми се извади водата од стомакот, но тоа не беше решение бидејќи никој не можеше да ми ја открие причината за тоа. Толку ми се влоши ситуацијата што лекарите од клиника ми кажаа НАШИТЕ СИЛИ СЕ ДО ТОЛКУ.
Реченицата ми кажа се. Потоа барав помош од приватни дијагностичари, ги гледаа резултатите, на крај почнаа да ме лечат екс јувантибус кога не може да се најде причината па потоа само ги лекуваат симптомите . Се „ отрув“ со кортикостероиди тоа траеше едно 6-7 месеци. Не можам да се пожалам на ниту еден доктор сите беа заинтересирани за мојот случај, им беше како професионален предизвик, но без никакви резултати. На крај докторите почнаа да се консултираат со нивни колеги од странство. Едноставно не можеа да ми помогнат, претпоставуваа дека се работи за болест на некој орган. Три пати ме зрачеа за три месеци, од кога веќе насетија што може да биде и дека единствено логично објаснување за толкава течност во телото ако се исклучи црниот дроб, тогаш, останува срцето. Се концентрираа на тоа. Бев испитуван кај 4 кардиолози , едноставно нивниот одговор беше дека срцето не изгледа болно за таква последица. Еден од докторите, радиолог се консултирал со негов колега од странство ја пуштил мојата целокупна историја од испитувањата и на крај од некој американски доктори стигна некаква дијагноза. Позната во литературата и кај нашите лекари , но моите симтоми и манифестирањето на истата не соодветствуваа со стандардните симпоми за неа. Ми препорачаа да одам на интервентен кардиолог кој има искуство со тоа. Дури тогаш ме упатија да дојдам во „Филип Втори“.
Ме прегледаа беа 99% сигурни за таа дијагноза , благодарение на добрата дијагностика во болницата на д-р Жан Митрев , дијагнозата се потврди. На средбата со д-р Митрев ги добив сите информации , тој ми кажа дека имал операции со мојата дијагноза, не сум прв пациент со констриктивен перикардитис но целата работа е во тоа што мојата болест се развила многу не типично и на многу млада возраст. Дијагностиката беше премногу јасна, но работата кај мене беше стигната до висок стадиум , едноставно народски кажано обвивката на срцето се воспалила од некоја настинка или друга состојба и за да го заштити срцето почнала да се калцифицира да се скаменува . Во „Филип Втори“ дијагностицирањето траеше еден ден , ми рекоа дека ќе бидам примен на операција, бев шокиран колку бргу тоа траеше. Ми посочија дека мојата состојба е премногу сериозна и дека веднаш треба да се превземе нешто. Прво ми определија 3 дена предоперативно да се види што и како , не им беше целта само да ми ја извадат водта од стомакот која потоа повторно би се собирала, туку детално отсранување на причината која ме донела до овој степен. Во петок ме примија во вторник ме оперираа. Операцијата требало да трае 1 час и затоа ме ставија последен на програма . Но, поради спецификата на мојот случај операцијата траеше 2 и пол часа. Морало да ме отворат на сред операција за да се види колку сум исполнет со течност, заклучокот беше, да дијагнозата е позната во литературата ја има постои, но кај вака млад пациент во ваква форма и прогрес прсто е зачудувачко, феномен .
Докторите беа изненадени од мојот интерес за болеста, бидејки постојано ги прашував што е и како, навистина бев бескрајно заинтересиран што ми е. И колку сум лично информиран , почнав да користам повеке латински термини од лекарите кои по другите клиники не можеа да ми ја постават вистинската дијаноза. Маката ме натера на тоа, прво зошто ми рекоа канцер, па болести на црниот дроб, па геопатски причини, ревматолошки заболувања..бескрај.
Дефининитивно после операцијата поточно уште на почетокот Академик д-р Жан Митрев беше многу отворен кон мене и ми рече дека ова не може да се реши веднаш за еден ден , туку е процес кој многу долго трае, остана многу малку течност во моето тело , неспоредливо од она што го имав пред операцијата. Со терапија секојдневно се повеќе и повеќе се намалува течноста. Покрај соодветната терапија оваа моја болест бара и голема дисциплина кон сопственото здравје.
По се што поминав после толку талкања и прашања без одговори на мојата состојба, сега кога овде ми помогнаа немам друг избор освен внимание , почитување на лекарските препораки, и нов начин на моето секојдневие. Кога влегов во болницава имав 80 кг а после операцијата 65 кг значи извадени ми се 15 литра течност , премногу . Во сето оваа мистерија поврзана со мојата болест многу ми помогна мојата претходна физичка подготвеноста за да може организмот да го изржи целиот овој товар.
После операцијата Академик д-р Жан Митрев дојде да ме посети да види како сум прво нешто што го прашав беше, која е причината за ваквата моја болест?
Причината беше воспаление , вирусно.. бактериско , беа пратени на хистолошка анализа , ми го дадоа резултатот, д-р Анѓушева многу интересно ми пристапи ми вели со оглед дека многу латински научи се надевам дека ќе го разбереш резултатот , ова што ти е напишано. Пишуваше воспалителен процес, кој предизвикал многу тешка калцификација на срцето, која би довела до страотни последици ако не бев опериран. Овде ми посочија дека постоперативниот период е многу побитен од колку оперативниот , пред операцијата срцето ми било заштитено како во кутија , а сега ќе треба време додека срцето да се врати во нормалната состојба. Целата „бетонска“ обвивка ми е одстранета и веќе не постои можност за повраток на состојбата. Исечена ми е градната коска, за да зарасне потребно е време и добра рехабилитација. Возев велосипед со години секој ден, благодарение на него видов, увидов дека нешто се случува со мене. И радува моментот што д-р Митрев ми рече дека за два месеца можеби ќе се сретнеме на Водо. Но без велосипеди, Благодарнст до него и до сите тие луѓе во болницата „Филип Втори“ .