Можни причини за болка во карлицата кај жените

Дневна доза здравје

декември 12,2019

Ако имате болка под папокот на стомакот и над нозете, таа болка се карактеризира како болка во карлицата. Може да биде предизвикана од многу работи. Може да биде безопасен знак дека сте плодни, може да е дигестивно нарушување или пак да е знак дека  треба да одите кај доктор.

Appendicitis

Иритирано или инфицирано слепо црево се манифестира со јаки болки во долниот дел на стомакот посебно од десната страна, со повраќање и треска. Во случај на појава на овие симптоми веднаш консултирајте се со лекар. Инфоцирано слепо црево најчесто бара итна интервенција. Доколку слепото црево пукне тогаш инфекција настанува во целата стомачна празнина предизвикувајќи тешка и комплицирана состојба за пациентот.

 

Болна овулација

Дали некогаш чувствувате болка помеѓу менструалните циклуси? Можеби чувствувате дека вашето тело овулира. Тогаш, јајникот ослободува јајце-клетка заедно со малку течност и крв. Тоа може да предизвика иритација. Ова чувство се нарекува mittelschmerz –што е кованица од зборовите на германски за “средна” и “болка”. Тоа е затоа што се случува на средина на месечниот циклус. Болката може да се пренасочува од месец на месец. Не е штетно и обично заминува за неколку часа.

ПМС и менструални болки

Менструалните болки обично можете да ги почувствувате како грчеви во долниот дел на стомакот или грбот. Тие обично траат од 1 до 3 дена. Зошто имате  болка? Секој месец, вашата матка гради обвивка (ендометриум) на ткивото. Тука ембрионот може да се всади и да расте. Ако не забремените, поставата се распаѓа и се пролева за време на вашиот период. Кога матката ќе се стегне за да ја истурка, добивате грч. Обидете се со затоплување и олеснувачи за болка за да ја намалите болката. Вежбањето исто така може да помогне. Можете исто така да разговарате со вашиот лекар за болка во ПМС. Одредени таблети за контрола на раѓање или антидепресиви може да помогнат.

Вонматерична бременост

Ова состојба се случува кога ембрионот се всадува некаде надвор од матката каде што ќе почне да расте. Ова обично се случува во јајцеводите. Остра болка во карлицата или грчеви (особено од едната страна), вагинално крварење, гадење и вртоглавица се симптомите кои можеби укажуваат дека имате вонматерична бременост.  Оваа состојба е опасна по живот и бара итна медицинска помош.

Сексуално преносли болести (СПБ)

Болката во карлицата е предупредувачки знак на некои СПБ. Две  најчести болести од овој тип се кламидија и гонореја. Честопати се добиваат и двете во исто време, но, не секогаш предизвикуваат симптоми. Но, кога ќе се појават симптомите тогаш може да имате болка, крварење помеѓу менстуалните периоди и абнормално празнење на вагината. Се препорачува итна посета на лекар. Исто така, важно е да го убедите партнерот да биде проверен и третиран, така да не ја пренесете инфекцијата еден на друг.

Воспалително заболување во карлицата

Ова е исто така една од компликациите предизвикани од сексуално преносливите болести. Тоа е број еден причина за неплодност кај жените што може да се спречи. Може да предизвика трајно оштетување на матката, јајниците и јајцеводите. Болка во стомакот, треска, абнормален исцедок од вагината и болка за време на сексуален однос или при мокрење може да бидат симптомите кои укажуваат на вакво воспаление. Препорачливо е итно третирање, најчесто со антобиотицаи, со цел да се избегнат поголеми компликации. Во тешки случаи, можеби ќе треба да бидете хоспитализирани. Исто така, вашно е да бидат лекувани двајцата партнери.

Циста на јајниците

Јајниците ослободуваат јајце-клетка кога овулирате. Понекогаш фоликулот не прска за да се ослободи јајце-клетката. Ова предизвикува циста на јајниците. Обично тие се безопасни и имаат спонтано исчезнување. Но, тие можат да предизвикаат болка во карлицата, притисок, оток и надуеност. Ако ваква циста пукне или се изврти, може да предизвика ненадејна, силна болка.

Тумор на утерусот

Овие тумори растат на или во ѕидот на матката. Иако понекогаш се нарекуваат фиброидни тумори, тие не се канцерогени. Фиброидите тумори се чести кај жените во своите 30-ти и 40-ти години. Обично не предизвикуваат проблеми. Но, некои жени може да имаат притисок во стомакот, болки во грбот, тешки периоди, болен сексуален однос или проблем при забременување. Разговарајте со вашиот лекар ако ви требаат третмани за да ги намалите или отстраните.

Ендометриоза

Кај некои жени, постои ткиво кое расте надвор од матката што е слично на ткиво што ја исполнува шуплината на матката. Може да се случи на јајниците, јајцеводите, мочниот меур, цревата и другите делови на телото да се појави ваква состојба. Кога е време за вашиот период, овие грутки на ткиво се распаѓаат. Но, ткивото нема начин да го напушти телото. Иако ова е ретко опасно, може да предизвика болка и да формира ткиво што може да го отежни забременувањето. Постојат неколку опции за третман. Лекови за болка, апчиња за контрацепција, хормони за запирање на периоди, операција со мали засеци, па дури и хистеректомија (вадење на матката) се опции за третман на оваа состојба.

Инфекција на уринарниот такт

Дали мора да уринирате често, или имате болка при мокрење? Чувствувате како мочниот меур да ви е полн? Можно е да се работи за инфекција на уринарниот такт. Ова се случува кога бактериите влегуваат во вашиот уринарен тракт. Лекувањето брзо може да го спречи пред тоа да стане сериозно. Но, ако се прошири во бубрезите, може да предизвика сериозни оштетувања. Знаците на инфекција на бубрезите вклучуваат треска, гадење, повраќање и болка од едната страна на долниот дел на грбот.

Бубрежни камења

Овие камења често грутки од сол и минерали од кои вашето тело се обидува да се ослободи со урината. Тие можат да бидат ситни како зрно песок или големи како топче за голф. Вашата урина може да се претвори во розова или црвена боја од крв предизвикано токму од овие камчиња. Посетете го вашиот лекар ако мислите дека имате камен во бубрег. Повеќето ќе се исфрлат надвор од вашето тело самостојно, но на некои им е потребен третман. Дури и ако можат сами да поминат, вашиот лекар може да ви помогне со лекови против болки и ќе ви посочи да пиете многу течности.

Интерстицијален циститис (ИЦ)

Оваа состојба предизвикува постојана болка и е поврзана со воспаление на мочниот меур. Најчест е кај жените во своите 30-ти и 40-ти години. Лекарите не се сигурни зошто тоа се случува. Можеби исто така чувствувате притисок над пубичната област, болка при уринирање и болка за време на сексуалниот однос. Иако ова може да биде долготрајна состојба, постојат начини да се олеснат симптомите.

Пролапс на гениталните органи

Како што стареете, ова може да се случи. Вашиот мочен меур или матка се спушта во пониска позиција. Обично не станува збор за сериозен здравствен проблем, но може да биде непријатно. Може да почувствувате притисок во вагина или долниот дел на стомакот може да се чувствува исполнето со тежина. Исто така, може да ви даде непријатно чувство во препоните или долниот дел на грбот и да го оневозможи сексуалниот чин. Сигурен третман за овие состојби постои-јавете се на вашиот гинеколог/урогинеколог.

Синдром на карличен конгестија

Сите сме  виделе проширени вени во нозете. Тие понекогаш може да се појават и во карлицата. Кога крвта се враќа во вените, тие стануваат отечени и болни. Ова е познато како синдром на карличен конгестија. Ова е состојба што е тешко да се дијагностицира и третира. Има тенденција да се повторува уште полошо кога седите или стоите. При легнувањето може да се чувствувате подобро. Но, бидејќи најдобриот третман е сè уште нејасен, треба да работите со вашиот лекар за да научите кои се опциите и да пронајдете што работи добро за вас.

Лузна

Ако имате операција или инфекција, може да имате постојана болка од ова. Адхезии се еден вид ткиво на лузна во вашето тело. Тие се формираат помеѓу органи или структури што не треба да бидат поврзани. Дел може да предизвика болка и други проблеми, во зависност од тоа каде се наоѓаат. Во некои случаи, можеби ќе треба постапка или операција за да се ослободите од нив.

Вулводинија


Дали боли кога возите велосипед или имате секссулаен однос? Ако ве жеже, пече, или чувствувате убоди околу отворот на вашата вагина, тоа би можело да биде ова. Ова не е предизвикано од инфекција. Опциите за третман се движат од лекови до физикална терапија.

Болен сексуален однос

Ова може да биде предизвикано од многу работи. Повеќето се лекуваат. Може да биде вагинална инфекција или можеби причината е друга. Медицинското име е диспареунија. Понекогаш болката се подобрува после сексуалната терапија. Овој вид на разговорна терапија може да се фокусира на внатрешни конфликти во врска со сексот.

Хронична карлична болка

Ако имате болка која трае најмалку 6 месеци, таа се смета за хронична. Можеби е толку лошо што го ремети вашиот сон, кариера или врските со луѓето. Посетете го вашиот лекар. Повеќето проблеми се подобруваат со третман. Понекогаш, дури и по многу тестирање, причината за болката во карлицата останува мистерија. Но, вашиот лекар сепак може да ви помогне да најдете начини да се чувствувате подобро.