00389 2 3091 484
јули 24, 2020
Во нашата убава земја ретко кој останува рамнодушен на убавите прошетки во пролет и лето. Повеќето од нас знаат за популарните препораки за заштита од високите температури и штетното влијаење на УВ зраците, меѓутоа ретко кој посветува внимание на заштита и препознавање на убоди од разни видови на инсекти. Поголемиот број на инсекти прават локални реакции без посериозни здравствени проблеми, но постојат реакции кои треба да се препознаат и за кои треба да се побара лекарска помош, па затоа е многу важно да ги препознаете на време и да побарате помош!
Каснување од оса, пчела и стршлен
При каснување од пчела потребно е да се избегне ширење на отровот! Имајки го тоа во предвид, потребно е најбрзо што можете да ја отстраните игличката од пчелата, притоа внимавајќи да не остане дел од неа при вадењето. Осите и стршлените при убод не ја оставаат игличката, но може да направат повеќе убоди наеднаш. Бидејќи нивните отрови содржат хемиски активни супстанци реакциите се потешки.
Отровот од Hymenoptera (пчели и оси) може да има токсичен и алергиски потенцијал, па затоа можни се два типа на реакција
Каснувања од крлежи
Крлежите, најчесто живеат во предели со високи треви, грмушки и дрва, претставуаат мали паразити кои се хранат од крвта на животни и човек. Крлежите од родот Ixodes може да бидат носители на спирохетата Borelia burgdorferi која ја предизвикува познатата Лајмска болест. Лајмската болест е актуелна во периодот од рана пролет до доцна есен, а нашата земја припаѓа во оние во кои постои ризик од инфекција. Најдобра заштита е превенцијата! Тоа значи да се избегнува подолг престој во влажни ливади со висока трева , да се носи облека со долги ракави и ногавици и секогаш да се прави детална инспекција на телото по престој во природа. Доколку се открие крлеж на телото препораките се веднаш да се побара стручна медицинска помош, за крлежот да биде соодветно отстранет најдоца до 24 часа по убодот!!
Каснувања од комарец
Комарците покрај тоа што се голема непријатност во текот на летните месеци, може да бидат преносители на опасни заболувања како маларија, денга вирус или жолта треска. Она што нас ни предизвикува главоболка се каснувањата кои предизвикуваат локална реакција во вид на црвенило, оток и многу чешање. Најважно е по каснувањето местото на убодот да не се чеша, а јадежот да се неутрализира. За ова од помош можат да бидат ладни облоги и природни препарати за ублажување на јадежот. Важно при користење на овие препарати е да се нанесат благо на местото на каснувањето, без претерано втривање на кожата. Од корист во намалување на чешањето може да биде и употребата на босилек.
Каснувања од пајак
Постјат над 38.000 врсти на пајаци, а повеќето од нив предизвикуваат мали локални реакции на местото на убодот, кои се смируаат за неколку денови. Но, женките од пајакот познат под името „Црна вдовица“, кој е присутен и во нашата земја, прави посериозни реакции. На местото на убодот остава две пунктанти ранички и по само 30-тина минути се јавува силна болка, оток и црвенило. Веќе по 8 часа може да се јават симптоми на мускулна болка и ригидност, болки во стомакот, грбот, гадење и повраќање како и потешкотии во дишење за кои секогаш е потребна итна медицинска грижа.
Ова се најчестите форми на убоди од инсекти, во природата постојат уште илјадници. Она што е најважно да запомните е дека – Најдобра заштита е превенција од убоди од инсекти!!!
Неколку корисни совети за превенција од убоди
Д-р Александра Лазаревска
Специјалист по дерматовенерологија