Амбулантски третман на ноќната апнеа со CELON ELITE

Дневна доза здравје

јануари 27, 2020

 

Ноќната апнеа е сериозна состојба на нарушување на ритамот на дишењето во текот на спиењето. Доаѓа до повторувачки кратки целосни прекини во дишењето, со што мозокот а и останатите органи не примаат доволно кислород. Ноќната апнеа може да биде опструктивна, централна или комбинирана. Според Светската Здравствена Организација во светот 100 милиони луѓе страдаат од оваа болест.

Симтоми на опструктивната ноќна апнеа се: гласно ‘рчење, тивки паузи во дишењето при спиење (епизоди на прекин во дишењето), сува уста наутро, инсомниа, утринска главоболка, иритабилност, импотенција, намалена концентрација и меморија, често ноќно мокрење, поспаност и замор во текот на денот и зголемена телесна тежина.

Доколку не се третира оваа состојба може да дојде до компликации: зголемен крвен притисок,коронарна срцева болест, срцев и мозочен удар, пореметувања во срцевиот ритам (атријална фибрилација), глауком, диабет тип 2, неалкохолно замастување на јетрата. Доаѓа до развивање на метаболен синдром-покачување на крвниот притисок, мастите и шекерот во крвта.
Во нашата клиника синдромот на опструктивна ноќна апнеа може и амбулантски да се третира со апаратот CELON ELITE.

Апаратот CELON ELITE е систем за минимално инвазивни третмани на база на биполарна радиофрекфентна индукована термотераписка струја.
Минимално инвазивна и контролирана аблација на ткивото која се изведува со апликатори со локална анестезија. Овој метод е нежен, брз и високо ефикасен а пред се безбеден. Има постојана контрола на импедансата на третираното ткиво, при што автоматски се прекинува третманот и нема ризик од компликации (според сите статистики).

Бенефити за пациентот од овој метод:

  • Нема хоспитализација. Третманот се врши во амбулантски услови со локална анестезија
  • Минимална болка во тек и после процедурата-дури може и да се нарече безболна интервенција
  • Минимални рестрикции во нормалните дневни активности по интервенцијата (нема тампонирање, нема ограничување во исхраната)
  • Површината на органите (лигавицата) останува интактна со што се стимулира природниот процес на заздравување.

Со апаратот CELON ELITE може да се изведуваат следниве интервенции за третман на опструктивната ноќна апнеа:

  • Зацврстување и скратување на мекото непце со што се намалува вибрацијата на истото која е причина за хабитуално ‘рчење.
  • Скратување на увулата
  • Редукција на волуменот на носните школки и полипи
  • Редукција на волуменот на базата на јазикот и хипертрофиран јaзичен крајник
  • Редукција на волуменот и парцијално отстранување на хипертрофирани крајници
  • Третман на рецидивирачки епистакси
  • Отстранување на папиломи и други патолошки израслини во орофарингс.