00389 2 3091 484
ноември 25, 2015
Во болницата на Жан Митрев направена е 1000-тата замена на аортна валвула со техника на пулсирачко срце. Ова значи дека за време на целата операција срцето чука непрекинато, за разлика од класичните операции каде срцето мора комплетно да се запре со т.н. раствор на кардиоплегија. Предноста на овој начин на операции на пулсирачко срце е многукратна, бидејки срцето е комплетно заштитено од дополнителна траума што настанува за време на операцијата. Ова се контролира преку континуирано следење на ЕКГ на монитор.
Заради оваа предност, пациентите многу полесно ја поднесуваат операцијата и опоравувањето е побрзо. На овој начин се оперирани многу пациенти во терминален стадиум кој со класична операција не би преживеале.
Оваа хируршка техника на операција на аортна валвула беше презентирана на Европскиот конгрес – 29 Annual meeting of EACTS и побуди голем интерес во стручната јавност.
24 часа по операцијата , Петар Николовски 1000-от пациент врз кој е применета оваа техника ни го кажа следново:
„Пресрекен сум, неизмерно благодарен што ми излегоа во пресрет , што ми ја направија операцијата , која ретко кој можеше да ја направи. Додека нашите осигуреници со години ги праќавме во странство не сум знаел дека во „Филип Втори“ овие кардиолошки операции се покриени од страна на ФЗОМ. Фала му на Аадемик д-р Жан Митрев и на неговиот тим. Немам зборови можам само да заплачам и ете ме со солзи , и тажен и среќен, му благодарам , им благодарам. Операцијата почна утрото кај 9 часот, се разбудив некаде после полноќ и сега се чуствувам добро, почнав веднаш со вежби за рехабилитација со сите медицински реквизити и помагала кои ги има во болницава. Правам инхалации, го засилувам дишењето. Секоја чест на физеотерапевтите кои цел ден работат со мене , за час поскоро да го пребродам ова. Пред две години ми ставија стент во државна болница, ми рекоа дека можам да живеам вака, заради големиот ризик по мојот живот не ми препорачуваа операција, но во последниве месеци не се чуствував добро. И опуштената прошетка ми стана заморна, тешко се движев. На социјалните мрежи поточно на FB страната на болницава, прочитав дека овие операции се покриени од фондот и веднаш дојдов во „Филип Втори“. Благодарност до д-р Планинка Зафировска која толку љубезно и пријателски ми пристапи. Од прегледот констатираше дека мора да се оперирам. Со мене беше мојот ангел чувар, мојата ќерка на која и беа пренесени сите информации околу моето понатамошно лекување. Благодарам на сите овие луѓе што ми го продолжија животот “.