„Недела на борба против Кардиоваскуларните заболувања“

Дневна доза здравје

март 4, 2015

„Недела на борба против Кардиоваскуларните заболувања“Нашата болница ја одбележува со низа хуманитарни активности

Последната недела од месец февруари светот ја одбележува како “Недела на борба против Кардиоваскуларните заболувања“. Истата е прогласена од страна на СЗО, со цел подигање на колективната свест за чумата на 21 век . Во светот околу 18 милиони луѓе годишно ја губат битката со животот како последица на овие заболувања. Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“ како и секоја така и оваа година активно се вклучува во одбележувањето на неделата. Преку предавања , посети, прегледи на различни популациони групи и возрасти. Укажувајќи на сериозноста од кардиовскуларните заболувања и значењето на отворениот пристап за превенција, лекување и третман на истите. Наш медицински тим во соработка со Црвениот крст на град Скопје денеска ќе замине во посета на неколку пациенти, кои успешно беа оперирани во нашата болница и денес активно го продолжуваат својот живот. Најмалиот од нив има 15 години. Неговто семејство живее во многу тешки услови па помошта која ќе му биде однесена нему и на неговите секако ќе биде добредојдена.Утре во просториите на хуманитарниот центар „Даре Џамбаз“ нашиот психолог Илија Дојчиновски ќе одржи свое предавање во рамки на интерактивната работилница на тема „Здрав дух за здраво тело” со младите од клубот при Црвениот крст на град Скопје.Во текот на оваа недела бесплатно ќе бидат прегледани и 10 дечиња од Центарот за церебрална парализа кај кои постои сомневање за присутност на срцеви проблеми. Прегледите ќе ги направи Д-р Иван Милев во соработка со психолог Фросина Ристовска.Целта на сите овие активности е ширење на свесноста за здравиот начин на живеење како превентивен фактор од срцево-садови заболувања, од кој страда 60% од светската популација. Посетата на семејствата и прегледите на децата се дел од хуманитарната активност што нашата болница постојано ја негува.