Ни пристигна ласерот Venus Bliss Max

Настани

ноември 8, 2024

Од денес во нашиот Центар за естетска дерматологија достапни се иновативните и неинвазивни третмани за намалување на масните наслаги, затегнување на кожата и подобрување на тонусот на мускулите на телото. Оваа тројна функција на апаратот Venus Bliss Max ќе ви обезбеди видливо обликување на телото без операција. Врвната технологија на овој ласер, достапен единствено кај нас на овие простори, е одобрена од FDA – Американската агенција за храна и лекови. Третманите во треање од 25 минути се удобни, безбедни и безболни. Ослободете се од масните наслаги и обликувајте го телото без операција со Venus Bliss Max.

Што е Venus Bliss Max?

Тоа е моќен ласерски апарат за слабеење, опремен со три најнапредни технологии за намалување на масните наслаги. Ласерските апликатори ефикасно ги разбиваат масните клетки со помош на липолиза, додека пак МП2 апликаторот им го намалува волуменот, ја затега кожата и ја потпомага лимфната дренажа за нивна ефективна елиминација. Тој комбинира мултиполарна радиофреквенција, пулсирачко електромагнетно поле и Varipuls технологија. Додека пак Flex Maxx апликаторот за неивазивен третман за тонирање на мускулите интелигентно се прилагодува на 7 различни мускулни групи за постигнување максимални резултати.

Како работи Venus Bliss Max?

При третманот со овој апарат се испушта нискофреквентен ласерски зрак во масната наслага со цел разбивање на наталожените масни слоеви на помали масни компоненти. Тие потоа се транспортираат преку лимфниот систем и се елиминираат, додека еден дел биваат согорени од мускулите преку телесна активност и вежбање.

На кои области може да се примени?

Согласно одобрението од Американската агенција за храна и лекови (ФДА), овие третмани се спроведуваат на локализирани масни наслаги. Зони во кои е безбедно да се примени се: стомачната регија и бутините, но и внатрешниот дел од бедрата, грбот и рацете, односно зони во кои има целулит.

Најчесто поставувани прашања

Дали третманите со Venus Bliss Max се безбедни?

Venus Bliss Max е уред одобрен од FDA за намалување на масните наслаги. Сертифициран е дека е безбеден и докажан како ефикасен за неинвазивна липолиза и намалување на целулитот. Сепак, препорачливо е да се користи исклучиво под надзор на стручни лекари и квалификувани терапевти.

Колку трае еден третман?

Општо земено, сите четири Venus Bliss Max ласерски апликатори може да се користат истовремено во 25 минутен третман. Времетраењето на третманот може да зависи од областа која се третира и бројот на потребни апликатори.

Колку брзо можеме да очекуваме резултати?

Забележливо подобрување може да се постигне во период од 12 недели по првичниот третман. Секако, резултатите може да се разликуваат во зависност од целта на третманот на клиентот и целокупната состојба.

Кој е оптималниот број на третмани потреби за видлив резултат?

Оптималните резултати може да варираат индивидуачно кај секој пациент, во зависност од дебелината на масните наслаги и целта на третманот. При една сесија може да достигне до 19% намалување на дебелината на масниот слој. Општо земено, на повеќето пациенти им се потребни 2-3 сесии во интервал од 6 до 8 недели.

Дали е потребен период на опоравок по направен третман?

По третманот очекувано е минимално црвенило на кожата во третираната област. Сепак, тоа се решава во текот на денот без потреба од дополнителни ограничувања за физички или други активности.

Дали овие третмани може да се комбинираат со други козметички или процедури за слеабеење?

Venus Bliss Max е опремена со 3-те најефикасни технологии за слабеење и намалување на маснотиите, 1064 диоден ласерски апликатор и MP2 рачен уред. Овие третмани се совршена комбинација за справување со закоравените маснотии и целулитот, затегање на кожата и подобрување на тонусот на мускулите. Исто така, други козметички процедури може да се комбинираат со третманите Venus Bliss max за поефективен и персонализиран пристап.

Нашите квалификувани дерматолози и терапевти можат да предложат комбиниран третман и други решенија за губење тежина кои се достапни во Центарот за естетска дерматологија.

Закажете бесплатна консултација на следните телефони:
072/262-385
02/3091-484
02/3104-910