00389 2 3091 484
февруари 20, 2012
Нова година – нов почеток за двајца браќа
Слична приказна за двајца браќа со убав крај се случи оваа година во Специјалната болница Филип Втори. Токму оваа и минатата Нова година беше шанса за нов почеток за браќата Никушевски. Необичната приказна за двајцата браќа ги врзува токму за датумот околу Нова година. Минатата 2010 година на 23 декември, Љубомир Никушевски бил донесен во Специјалната болница за кардиохирургија Филип Втори, во тешка состојба со акутен проблем на аортата. Брзата реакција на докторите му го спасуваат животот на Љубомир. Приказната се повторува оваа година, со неговиот брат Зоран, кој пред Нова година беше примен во Филип Втори во екстремно лоша состојба. По спроведената операција Зоран веќе е на домашно лекување. Двајцата браќа велат дека Нова година ќе ја паметат по втора шанса за својот живот и ќе ја одбележуваат како свој втор роденден. Тимот на Филип Втори сигурно оваа Нова година ќе ја памети по необичната приказна за двајцата браќа кои добија нова шанса.