00389 2 3091 484
декември 29, 2016
Во позитивна атмосфера, со специјална програма, д-р Жан Митрев и целиот персонал, во друштво на соработници, пријатели и многу пријатни и позитивни луѓе, преку видеа, фотографии, говори, хумор и песна ги прославивме успесите и резултатите од годината која измина, а со нетрпение ги очекуваме новите предизвици кои ни ги носи Новата 2017-та година!
Среќна, успешна и спокојна година ни посакаа и нашите соработници кои ја „зачинија“ забавата со нивните настапи!
Што кажаа за нас:
Комичарите Тино и Атанас- “ Кога ми се јавија од кабинетот на д-р Жан Митрев, си реков да не ми дошло и на мене времето… Ова е ново искуство за нас. Ви благодариме што бевме дел од оваа прекрасна атмосфера, пријатна енергија и чест ни е што се дружевме со толку писмени луѓе на едно место. Д-р Жан Митрев е срце од човек, кога и да го видам ми доаѓа да се пожалам нешто… “
Петар Ренџов со неговиот бенд- “ Со д-р Жан Митрев се знаеме 15-тина година, а нашата соработка се одвива низ некој посебен флуид. Почестен бев да бидам вклучен во целата приказна за новата болница. Преку музиката носам некое ново вдаховение и среќа за болницата што е голема привилегија за мене, која ја имам добиено од д-р Митрев. Низ 2016 година, која, за мене беше успешна на музички план, а секако и за д-р Митрев со новата современа болница, ми се чини како заеднички да патувавме низ времето, кое буди само убави сеќавања. Среќна Нова година и за многу години!“
Групата ДНК- “ Овде, како да примивме адреналинска инјекција преку нашиот настап и дружење со толку прекрасни луѓе. Чест и задоволство ни беше што бевме во друштво на д-р Жан Митрев и сите вас. Задоволството е поголемо што воспоставивме соработка со д-р Митрев и генетичарите од генетската лабораторија во болницата. Она што тие го работат преку испитување на ДНК-то и името на групата е вистинско склопување на коцките, кое се базира на многу работа, труд и успеси. Со задоволство ќе ги афирмираме услугите од генетската лабораторија кои се во функција на здрава и среќна популација“
Движењето е здравје- трка за вработените
Во насока на унапредување на здравјето на сите, во болницате беше организирана трка по скали. Сите кои учествуваа на тркаата се согласија со мотото -ДВИЖЕЊЕТО Е ЗДРАВЈЕ!