00389 2 3091 484
декември 9, 2016
Персонализираната медицина во Република Македонија станува реалност. Со воведувањето на генетското тестирање во системот на останати бројни услуги во Специјалната болница “Филип Втори“ се менува и пристапот на лекување, од реактивна до проактивна грижа за пациентите. Пионерските чекори кои ги направи д-р Жан Митрев со воведувањето на ваков концепт на лекување со вклопување во постојниот систем на современи медицински услуги е веќе препознатлив од пациентите. Интересот за услугите од генетската лабораторија во болницата “Филип Втори“ од ден на ден е во пораст, а задоволството од услугите го црпиме од пациентите.
Честа да ни биде корисник на оваа услуга ја имавме од нашата, но и балканска музичка ѕвезда, Калиопи. Што таа кажа за генетското тестирање, конкретно за нутригенетиката Ви пренесуваме од изјавата:
– Морам да признаам дека бев вистински изненадена и воодушевена од сознанието дека токму во Македонија ќе може да направам нутригенетско тестирање. Бев пресреќна што ќе можам тоа да го направам дома, или подобро кажано во клиниката “Филип Втори“. Бев возбудена и со нетрпение ги очекував резултатите кои понатаму ми требаа за да ми помогнат да дојдам до една избалансирана и правилна исхрана, без диети и измачувања на организмот, воодушевено зборуваше таа.
Калиопи со нетрпение ги очекувала резултатите од тестирањето поради тоа што ваква услуга, до сега немало во Македонија. Сепак, ниту за миг не се сомневала во исходот, поради тоа што зад целата работи стои тимот на д-р Жан Митрев.
– Кога ги добив резултатите бев задоволна од деталноста на анализите и посветеноста на генетските советници. Интересно беше искуството со нив, да се слушне што се генетиката ни одредува низ процесот на живеењето. За да се затвори целиот систем од оваа услуга имав средба и со нутриционистот кој секако беше поддршка во процесот на понатамошно толкување на самите анализи, како во однос на храната која треба да се конзумира, помалку користи или да се избегнува. При тоа, во самите анализи се застапени и аспектите, каква физичка активност е ефективна, а каква пак нема да има ефект врз нашиот организам, додаде Калиопи.
За крај, потенцираше дека севкупно, ова е едно корисно и мошне интересно испитување, топло го препорачувам секому, за добар изглед, но пред се, за добро здравје.