Оценети со 5-ка од учениците од Струмица

Дневна доза здравје

март 16, 2017

Дологодишната соработка на СОУ “ Димитар Влахов“ од Струмица со болницата продолжи и годинава со денешната посета на учениците од втора година, здравствена струка.   Над триесетеина ученици и нивните професорки ги пречека главната сестра Александра Темелковска и организирани во групи тргнаа во обиколка по болницата.

Професорката Емилија Котеска, која е од самиот почеток вклучена во програма, кога учениците организирано ја посетуваат болницата, вели дека секоја година има нешто ново, посебно што се прави овде. “Но, она што посебно ме фасцинира е континуираниот квалитет и професионализмот, од самиот почеток до ден денес. Тоа е за почит“, изјави таа. “Со овие посети учениците имаат можност да направат разлика во работа во државна и приватна болница. Исто така, имаме долгогодишна соработка  со изведување на  практична настава на нашите ученици во Поликлиниката во Струмица“, додаде таа и го оцени како вредно искуство за нивните ученици.

Ова им е осма година по ред како ученици од ова училиште доаѓаат да се запознаат со новитетите во болницата, а денес дознаа повеќе за дијагностичките процедури, како фунцинира и е организирано секое одделение, слушнаа за новитетите кои доаѓаат од генетската лабораторија, добија информации и за новите методи и софистицирана опрема и условите во кои се работи во болницата.

Пред заминување ги прашавме со која оценка би не оцениле? “5-ка за условите, за професионалноста, софистицираната опрема, љубезниот и посветен однос на персоналот кон пациенти, но и други лица, дијагностичките методи, но и хигиента и континуираниот квалитет во испораката на услугите“… За крај порачаа дека, по завршување на образованието би сакале да работат овде, да учат од професионалци, да се грижат за здравјето на луѓето токму во ваква современа болница!