00389 2 3091 484
јули 07,2022
На 7 и 8 јули 2022 во просториите на Жан Митрев Клиника беше одржан првиот дводневен курс по магнетна резонанца на срце организиран од Македонско Здружение по кардиологија со подршка од Европското здружение за кардиоваскуларен имиџинг (EACVI).
Курсот го посетија кардиолози и радиолози од нашата земја со што преку низа теоретски предавања и практична “hands-on” сесија се стекнаа со основни познавања за оваа современа, неинвазна дијагностичка и прогностичка моќна алатка која зазема се поголем број на индикации во светските и европски водичи и препораки за практикување совермена кардиологија базирана на докази.
Магнетната резонанца на срце е златен стандард за неинвазивна проценка на структурата, функцијата и ткивните карактеристики на срцевите структури. Едни од основите индикации се миокардитис, кардиомиопатии, срцева слабост од непозната етиологија, конгенитални маани, исхемична болест на срцето, срцеви маси и тумори, болести на перикард.
Предавања одржаа врвни светски експерти во полето на магнетна резонанца на срце како Robin Nijveldt (потпрестедател на EACVI-CMR section), Chiara Bucciarelli- Ducci (CEO of Society of cardiac magnetic resonance), Tomaz Podlesnikar, Bostijan Berlot, Saloua El Messaouidi и Јадранка Стојановска.
Комбинирани предавања и од областа на ехокардиографијата како компаративна метода беа одржани од искусни локални предавачи како Д-р Тања Анѓушева, Проф. Д-р Љубица Георгиевска – Исмаил, Проф. Д-р Елизабета Србиновска, Проф. Д-р Марија Вавлукис и предавања од областа на магнетна резонанца на срце одржани од Доц. Д-р Планинка Зафировска, ко-директори на курсот беа Проф. Д-р Елизабета Србиновска, Доц. Д-р Планинка Зафировска и Проф. Д-р Робин Нијвелдт.
Партиципантите се стекнаа со сертификат за завршено I ниво на магнетна резонанца на срце (Level I CMR) подржано од EACVI и акредитирано од Македонската Лекарска Комора.