Одржана работилница на тема НОАК – добра клиничка пракса

Дневна доза здравје

јуни 21, 2017

Големата посетеност на работилницата од 130 претставници од фелата на тема НОАК ( нови антикоагулантни лекови против згрутчување на крвта)- Добра Клиничка Пракса, ја потврди важноста од организирање на вакви стручни средби. На 14 јуни, 2017 во Аудиториумот на Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ, на работилницата организирана од преставниците од болницата се потенцираа добрите клинички пракси и последните водичи за примена на НОАК.

На оваа тема зборуваа д-р Милка Клинчева за “Преткоморна фибрилација-добра клиничка пракса“, додека проф. Лилјана Илиевска презентираше на тема “Секундарна превенција на мозочен удар кај пациенти со преткоморна фибрилација“. Д-р Тања Анѓушева, која ја модерираше работилницата претстави за “Современиот третман на белодробна емболија“, додека д-р Елена Амбаркова зборуваше за “Несоодветната антикоагулација со ВКА-како да се подобри“.

За сите заинтересирани предавањата може да ги најдат на следниот линк: https://www.facebook.com/ZanMitrevClinic/videos/1763133283702774/ и https://www.facebook.com/ZanMitrevClinic/videos/1763082403707862/ .

Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ ќе продоложи со трендот за организирање на тематски средби и работилници по одредени теми со претставници и експерти од домашната и меѓународната стручна јавност.