00389 2 3091 484
април 04,2019
На 09,10 и 11.04.2019 ФИЛА – ФАРМ во соработка со својот долгогодишен добавувач Vygon, организираше работилница со наслов „Неонатален васкуларен приостап“ во просториите на ПЗУ Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ.
Денешната работилница беше насочена на лекари и сестри од неонатална интензивна нега. Учествуваа претставници од сите државни и приватни здравствени установи во државата каде има неонатална интензивна нега како што се ЈЗУ ГАК Мајка Тереза Скопје, Гинекологија Чаир, ЈЗУ Детска клиника, Неонатологија при детска клиника, неколку приватни здравствени установи и секако од нашата ПЗУ ЖАН МИТРЕВ.
На првиот теоретски дел од работилницата се направи осврт на сите васкуларни пристапи – умбиликален, периферен, централен венски пристап, поврзано со сите ризици и предности при ракување како и техники на пласирање (Безбедносни антимикробни катетри и пресности при избор на материјал од кој се изработени помагалата).
Секако еден од најважните точки, која се увиде на работилницата, е поврзаноста на квалитетот, технологијата, начинот на пристап со интернационалните водичи според кои се водат лекарите при ракување со овие помагала.
Ваквите работилници се особено важни за континуирана поддршка, обука, пристап за проба и ракување со материјалите бидејќи се работи за високо специфични материјали кои бараат соодветна техника на пласирање, т.е. практичниот “hands on” дел е основа за стекнување на доверба и сугурност во работата со ваков тип на помагала.
Vygon е француска компанија производител на високоспецифични производи за неонатална интензивна нега – васкуларен пристап. Нивната посветеност кон добивање на соодветни производи за оваа целна група на пациенти ги направи и единствени на пазарот со централен катетар со најмал лумен. Покрај најмал лумен производот го има и во верзија обложен со антибиотик кој обезбедува безбедност на апликација кај прематурни бебиња како и кај сите каде постои ризик од инфекција. Асортиманот е разновиден за сите потреби на артериски и венски пристап со сите додатоци за миниимална инвазивност и едноставно ракување.
ФИЛА – ФАРМ е ексклузивен застапник на овие производи, кои се најдоа како единствени производи од избор во повеќе неонатални клиники во Македонија, додека во областа на адултен васкуларен пристап успешно работи скоро 15 години.
Согласно со потребите на корисниците и производниот развој на медицински помагала пракса на ФИЛА ФАРМ е да врши континуирана медицинска едукација на здравствените работници за производите кои ги нуди. Од голема важност е презентацијата на предностите, карактеристиките, пласманот на материјалите и нивно реферирање во последните препораки во дадена област. Само на тој начин здравствените работници може да бидат сигурни дека може да го добијат вистионскиот производ интернационално признаен, усвоен и пред се докажан клинички со своите позитивни карактеристики кои овозможуваат подобар исход на пациентите.
Работилницата беше организирана во два дела теоретски и практичен на опремени кукли за автентична проба на материјалите.