Општествената одговорност е дел од нашата ДНК

Настани

ноември 21, 2024

Во склоп на активностите организирани од Општина Шуто Оризари, а на покана на градоначалникот, медицинскиот тим од Клиниката Жан Митрев изврши консултатитвни прегледи. Во оваа дводневна акција на над 320 граѓани од оваа општина им беше направено мерење на крвниот притисок и глукоза во крвта. Исто така им беа дадени и совети за здрави животни навики и редовни превентивни прегледи.