00389 2 3091 484
септември 16, 2021
Отомикроскопијата претставува златен стандард во дијагностиката на промените во надворешниот ушен канал и ушното тапанче, а преку него индиректно и проценка на промените во средното уво. Особена важност има во детската возраст бидејќи во услови на ограничена визуелизација го зголемува повеќекратно видното поле и на тој начин овозможува многу подобра проценка во однос на класичната отоскопија.
Дијагностичката метода која најчесто се користи при преглед на надворешниот ушен канал и ушното тапанче е класичната отоскопија. Притоа се користи инструмент во форма на инка, т.н. ушен спекулум, којшто треба да биде адаптиран на големината на надворешниот ушен канал кај пациентот. Користејќи челно осветлување кои се уфрла во ушниот канал се наблудувааат промените во надворешниот ушен канал и тапанчето. Преку овие промени, особено промените на тапанчето можеме индиректно да ги процениме состојбата и промените во средното уво. Меѓутоа, особено кај помалите деца, имајќи ја предвид големината на надворешниот ушен канал и просторот којшто можеме да го визуелизираме секако дека е ограничена можноста за попрецизна проценка на локалниот наод.
Затоа многу посоодветна метода која може да се примени во секојдневната оториноларинголошка пракса е и отомикроскопијата/или отомикроскопскиот преглед. Не секоја институција е подготвена да ја понуди оваа опција во склоп на дијагностичките процедури, но за среќа таа е достапна во клиничката болница Жан Митрев и истата ја изведува Прим. д-р Борислав Гогушевски.
При изведувањето на отомикроскопскиот преглед/или отомикроскопија се користи микроскоп којшто има соодветно зголемување кое зависи од техничките карактеристики на самиот микроскоп. На тој начин се добива повекекратно зголемување на видното поле низ ушниот спекулум што овозможува да се утврдат и оние посуптилни промени кои не се впечатливи при обичниот отоскопски преглед.
Повекекратното зголемување на видното поле при користењето на отомикроскопот овозможува многу попрезицно дефинирање на сите детали во овој сегмент и нуди можност за многу попрецизна дијагностика.
Секако дека и при класичната отоскопија, но особено при отомикроскопијата постои можност и за помали интервенции во надворешниот ушен канал во смисла на тоалета, чистење на ушниот канал, најчесто од насобрана ушна маст или церумен, секрет, потоа изведување на помали интервенции како отстранување на некои мали промени/гранулации, полипи, постоперативна тоалета, евентуално парацентеза односно отворање на средното уво преку мал отвор на тапанчето во одредени случаи на акутни или сериозни воспаленија. Но за разлика од класичната отоскопија при отомикроскопскиот преглед значително подобрата визуелизација и поголемо видно поле нудат можности за многу поголема прецизност при самите интервенции во простор којшто е екстремно мал.
Отомикроскопијата има особена важност има кај децата бидејќи кај нив е многу помал надворешниот ушен канал, при прегледот се користи помал ушен спекулум, а тогаш е ограничено и видното поле. Тука особено доаѓа до израз предноста на отомикроскопијата, и како дијагностичка метода или при изведувањето на одредени интрвенции.