00389 2 3091 484
април 04,2012
Пациент со нересектабилен карцином на главата на панкреасот решен со палијативен третман (Билио-дигестивна и гастро-ентеро анастомоза)
Пациент на 50-годишна возраст, хоспитализиран во ПЗУ Специјална Болница по хируршки болести „Филип Втори“, за абдоминален оперативен третман. Пациентот последните недели има постпрандијално повраќање и губи на телесна тежина. Направени се потребните испитувања: на езофагогастродуоденоскопија најдена екстралуминална стеноза на Д2. На РТГ на гастродуоденум – истата е потврдена. На МСКТ на абдомен – најден Ту процес на главата на панкреасот со експанзија и скоро комплетна стеноза на долната третина на десцендентниот дел на дуоденумот, без стеноза на екстрахепатичните билијарни патишта и со присутен Курвоазјеов знак на жолчната кеса. Постои енормна консекутивна гастректазија.
На 10.01.2012 година по соодветна подготовка се пристапи кон оперативен зафат. Интраоперативно се најде нересектабилен инфилтративен тумор на главата на панкреасот. Бидејќи холедокот не е проширен, се направи билио-дигестивна анастомоза со жолчното ќесе (холецисто-јејунална анастомоза со ентеро-ентерална анастомоза по Brown) и ретроколична гастро-ентерална анастомоза исто така со ентеро-ентерална анастомоза по Brown. Постоперативниот тек е уреден. Пациентот е отпуштен со предлог за понатамошно конзервативно долекување. Палијативните операции при карцином на главата на панкреасот се изведуваат почесто од радикалните (дуодено-панкреатектомија) бидејќи често пати пациентите се јавуваат за оперативен зафат во поодминат стадиум на болеста.