00389 2 3091 484
февруари 02,2015
Папиларен фиброеластом- приказ на случај
Папиларниот фиброеластом е примарен тумор на срце кој карактеристично зафаќа еден срцев залисток. Тоа е исклучително редок тумор кој опфаќа 10% од сите примарни тумори на срцето, трет по честота тип на тумор, после кардијалните миксоми и кардијалните липоми. Симптоми на болеста се: синкопа, градна болка, замор. Симптомите на болеста се должат или на механичките ефекти на туморот или на емболизација од туморот на дисталните органи. Градната болка или синкопите може да се должат на оклузија на LMN од туморот, додека срцевиот удар може да биде последица на емболизација на дел од туморот во коронарните артерии. Пациентката М.Б. на 61- годишна возраст е примена на ден 27.10.2014 во Специјалната Болница по хируршки болести “Филип Втори”. Направени иследувања, трансторакален ехокардиографски наод и КТ коронарографија со 64 реден КТ скенер со наод: Некоронарниот куспис на аортата се прикажа со дефект во полнење од присутна хиподензна, ирегуларна формација со пречник 10мм која се протега и кон коронарниот куспис десно. Опишаната промена оди во прилог за вегетација Диф. Дг папиларен фиброеластом. На направениот МСKT преглед коронарните крвни садови RCA, LMN, LAD, LCX, OM1 се прикажаа оптимално опацифицирани без знаци за опструктивни лезии и/или васкуларни малформации.
На ден 28.10.2014 година, после соодветна подготовка, направено е реконструкција на аортна валвула со екстирпација на Tu формацијата. Интраоперативното ТЕЕ со наод на формација фиксирана за некоронарниот куспис која надлегнува над десниот коронарен куспис. Ао рег +2. Контролен Доплер уреден.По донесување од сала пациентката хемодинамиски и ритмички стабилна. Постоперативниот тек уреден. Иако папиларниот фиброеластом е бениген, сепак, оперативниот третман е апсолутно индициран поради бројните можни компликации, како мозочен удар, акутен миокарден инфаркт, вентрикуларни аритмии и нагла смрт. Постоперативното преживување е со одлични резултати. Секогаш кога постои сомневање за папиларен фиброеластом препорачуваме навремена дијагностика, трансторакална ехокардиографија, трансезофагеална ехокардиографија, КТ коронарографија. Навремениот хируршки третман во комбинација со постоперативна антикоагулантна терапија дава одлични резултати кај пациентите со папиларен фибролеластом.