Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

18.08.2017

Мирсад го живее вториот живот

Мирсад Бериша (31), од Косово, вели дека благодарение на докторите и останатиот медицински персонал од Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ од 28 јули го живее неговиот втор живот. Искрената благодараност кон тимот на д-р Жан Митрев  ни кажа дека не може да ја искаже со зборови.

Тоа се забележуваше и во неговиот поглед кога беше отпуштен дома на 14 август, но уште повеќе на 17 август кога беше дојден на прва контрола… Беше во исчекување на одговорот од д-р Илија Нешковски кој го прегледуваше… “Како сум? Дали е се во ред?“, прашуваше. Кога д-р Нешковски му потврди дека е во добра сосотојба по што Мирсад се издиша. Тогаш и ни` раскажа за кобниот ден 27 јули кога бил донесен во тешка сосотојба со амбулантно возило во болницата. “ Овде, во болницата ми кажаа дека сум доживеал тешка сообраќајна несреќа во директен судир. Знам само дека јас бев возач, но друго ништо не се сеќавам. Овде, докторите од сите области и целиот останат медицински и немедицински персонал, биле посветени на мене, да ми го спасат животот. Така ми раскажуваа од семејството. Им успеа, а јас сум неизмерно благодарен на сите за тоа“, ни` раскажа Мирсад.  Д-р Драгица Везенкова Вучкова, која беше покрај Мирсад таа кобна ноќ и во деновите што следеа во тек на неговото лекување, беше среќна што од таква тешка здравствена состојба, се се заврши добро и Мирсад замина дома. “Кога го донесоа Мирсад, тој беше во тешка, животозагрозувачка состојба. Состојба на политраума како последица на директниот судир на два автомобила во сообраќајната несреќа. По направените дијагностички процедури беше дијагностицирано дека има повеќе повреди: дисекција на десцендентна торакална аорта, мултифрагментарна фрактура на бутна коска, фрактура на карлица, перфорација на тенко црево, лезија на јетра и слезенка, контузија на граден кош, контузија на глава. Мораше брзо да се делува. Мирсад беше примен на одделот за интензивно лекување и по соодветната подготовка и стабилизација, најнапред се направи ТЕВАР – Thoracic endovascular aortic repair.   Во втор акт му беше поставен  надворешен фиксатор на бутната коска како примарно решение – damage control surgery.  Направена беше и абдоминална операција со која се решија повеќето повреди во абдоминална празнина на црева, слезенка и црн дроб. Следуваше период од 5-6 денови кога Мирсад беше поставен на машина за дишење и беше континуирана седиран и под постојан мониторинг во одделението за интензивна нега. Седмиот ден направена е трајна остеосинтеза на бутната коска со поставување на интрамедуларен клин. Веќе потоа следуваше будење, физикални вежби и раздвижување“, објасни д-р Вучкова, анестезиолог. Голем удел за Мирсад  да се крене на нозе имаше и целиот физиотерпаветски тим. Анета Манасиева, физиотерапевт која секојдневно е покрај пациентите од одделнието за инетезивна нега дополни дека кај Мирсад била правена интензивна физикална терапија од неколку методи и техники кои придонеле за успешно закрепнување.

Пред да си заминат од првата контрола неговата сопруга и братот дополнија дека ако не го донесеа Мирсад во Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ тој тешко дека ќе преживеееше. “Кога го однесовме во Ургентниот ценатр во Приштина ни рекоа да го носиме надвор од земјата и дека таму ништо не може да направат. Среќа, еден пријател препорача да одиме директно во оваа болница. Го послушавме и сега Мирсад е со нас, благодарение на целиот стручен медицински и немедицински персонал. Ви благодариме за се“, дополнија тие. Дома го очекуваат неговите 2 деца ( 2,5 и 5 години), да им донесе нова играчка и заедно да играат во омилените игри…