Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

31.12.2022

Сведоштво на најстариот пациент на Жан Митрев– Не се надевав дека мојата операција на срце ќе испише историја, посакувам докторот Митрев да продолжи со неговата успешна несебична работа 

 “Кога осетив болки во градите, докторите кажаа дека треба да одам за Скопје, а во тоа време во Скопје немаше доктор којшто може да ме оперира од срце, па ме пратија да одам во Бугарија. Слушнав за доктор Жан Митрев и решив да почекам да дојде тука и кога ќе ја отвори клиниката таму да се оперирам. Кога ме прегледа доктор Жан Митрев рече дека треба да ми стават бајпас на срцето и ми направија три бајпаса. Не се надевав дека токму мојата операција на срцето ќе испише историја. Се гледаме на 30тиот роденден на 1 март”, вели Коста Шапков, првиот пациент на клиничката болница Жан Митрев. Шапков тогаш 55 годишен машинобравар од Кочани повеќе од 4 часа поминува во операционата сала на тогашната специјална болница по хируршки болести Филип Втори, а денес Жан Митрев Клиник, со чијашто операција и официјално започна со работа оваа приватна болница на први март 2000 година.  “Тоа беше мојата најтешка операција. Операција на духовното срце на Македонија”, изјави доктор Митрев во неколку наврати по успешно спроведената операција на Коста Шапков којшто денес е пензионер, има 77 години и е најстариот пациент на доктор Жан Митрев. Коста во име на сите пациенти на Жан Митрев Клиник се заблагодарува на доктор Жан Митрев и неговиот тим, истакнувајќи дека во изминатите години постоење и делување на клиниката имало и други многу посериозни операции коишто биле успешно спроведени спасувајќи илјадници човечки животи благодарение на докторот Митрев.