00389 2 3091 484
септември 25, 2015
Периферна артериска болест
ПАБ или периферна артериска оклузивна болест (ПАОБ)
Во основата на ПАОБ како и кај сите артерии во човековиот организамот е АТЕРОСКЛЕРОЗАТА, таа претставува натрупување на маснотии и калциум во ѕидот на крвниот сад и под дејство на различни надворешни и внатрешни фактори може да доведе до пукање на атеросклеротдскиот плак и со тоа до стеснување или комплетно запушување на артериите кои се надвор од срцето и мозокот. Оваа сосстојба доведува до исхемија или гангрена на регијата која ја крвоснабдува артериијата (годни и долни екстремитети, внатрешни органи). ПАОБ може да биде еднострана или обострана и акутна или хронична. Ризик факторите се делат во две групи:
А. Фактори кои не зависта од нас (пол, возраст, раса)
Б. Фактори на кои можеме да влијаеме (хипертензија, дијабет, покачени маснотии, пушење, стрес, дебелина).
Што претставува артериска циркулација надвор од срцето и мозокот?
Вратни артерии (каротидни и вертебрални)
Абдоминални – артерии во стомакот (мезентерика и а. реналис)
Артерии на горни и долни екстремитети (раце и нозе)
Етиологија (причина) на ПАОБ на долни екстремнитети
• Начин на живот (исхрана, пушење, физичка неактивност, употреба на алкохол)• Биохемиски и физиолошки карактеристики (холестерол, триглицериди, ХТА, шеќер, тромбогени фактори)• Лични карактеристики (старост, пол, фамилијарна оптовареност)
Фази и развој на ПАБ (Fonten) ова е класификација со која се определува степенот на болеста и степенот на компликација од истата:
• Прва фаза – болка при поинтензивна физичка активност (Fonten I) • Втора фаза – болка при минимална физичка ативност (Fonten II) • Трета фаза – болка во мирување (Fonten III) • Четврта фаза – гангрена (Fonten IV) – краен стадиум на болеста
Клиничка слика или основни симптоми на ПАОБ:
• Болка• Грчеви во мускилите• Нмалена кондиција со прогресија (потенцирање) на болеста• Промена на температурата на стапалата (ладни стапала)• Промени на бојата на кожата• Промени на ноктите и влакната на нозете• Рани – појава на гангрена
Дијагностика
• Анамнеза и статус – од разговорот со пациентот и неговиот преглед да се дојде до вистинската дијагноза пред да се појават компликации (рани на нозете и појава на гангрена)• Доплер на артерии – проценка на протокот низ артериите со ехо доплер• Магнетна резонанца• Ангиографија – инвазивна метода или директно снимање на артериите на долни екстремитети.• МСКТ – периферна ангиографија – 3-D приказ на артериите на долни екстремитети и точната проценка за промените, стеснувањата и комплетните запушувања со што се проценува и точната потреба од третман на болните артерии.
Третман на ПАБ
• Конзервативен и медикаментозен (престанок со пушење, регулација на холестерол., триглицериди., гликемија, физичка активност, промена на начин на исхрана, регулација на ХТА итн.)• Итервентен (балон дилатација и стентирање) слика од стентиран пациент• Хируршки третман (ТЕА, пач пластика, реваскуларизација со графт васкуларна протеза или ВСГ итн.)
Компликација
• Гангрена – ампутација – ова е состојба каде што кај пациентот се исцрпени сите можности за понатамошно лекување.
Препорака за пациентите со висок ризик од добивање на ПАОБ:Промена начин на живот, регулација на гликемија, регулација на висок крвен притисок, контрола и терапија на покачени маснотии во крвта, престанок со пушење, физичка активост (пешачење), редони кардиоваскуларни контроли (рутински без да се има било какви симптоми).
Др. Вилма Ампова – СоколовСпецијалис интернист