00389 2 3091 484
септември 22, 2020
Во мај 2012, светските лидери се обврзаа да работат на намалување на смртноста од некомуникабилни болести (НДЦ) за 25% во глобални рамки. Оваа цел треба да биде остварена до 2025 година. Кардиовакуларите заболувања се причина за речиси половина од сите НДЦ смртни случаи, што ги прави број еден убиец во светот.
Затоа светскиот ден на срцето е совршена платформа за обединување во борбата против кардиоваскуларните заболувања и намалување на последиците од оваа глобална потешкотија.
Креиран од Светската срцева федерација – ,,Светскиот ден на срцето,, ги информира луѓето во целиот свет дека кардиоваскуларните заболувања (вклучувајќи го срцевиот удар и заболувањата на срцето) се водечка причина за смрт, која одзема 17,9 милони животи годишно. Исто така ги истакнува и активностите кои може секој индивидуално да ги преземе со цел да се превенираат и контолираат кардиоваскуларните болести. Главната цел кон која се стреми федерацијата е да покрене активности за едуцирање и подигање на свеста на луѓето дека преку контролирање на ризик факторите како употреба на тутун, нездрава исхрана и физичка неактивност, би можеле да бидат избегнати најмалку 80% од прераните смртни случаеви кои се последица на срцев удар или срцево заболување.
,,Светскиот ден на срцето,, е глобална кампања во тек на која поединци, фамилии, здруженија и влади од целиот свет учествуваат со свои активности за преземање одговорност за здравјето на своето и срцата на другите. Преку оваа кампања Светската срцева федерација ги обединува луѓето од различни земји и потекло во борбата со кардиоваскуларните заболувања и покренува меѓународни активности за да се поттикне здрав живот во светски рамки. Здружението и неговите членови веруваат во свет каде здравото срце е основно човечко право и клучен елемент за глобална здравствена правда. Клиничката болница Жан Митрев, се приклучува во одбележувањето на овој ден, со одобрување на 30% попуст на сите МР прегледи на срце закажани до крајот на октомври 2020 година.