декември 11, 2019
Денеска Zan Mitrev Clinic по втор пат оваа година додели 101 ваучер на новороденчиња од општина Центар. Новороденчињата со овој ваучер ќе добијат
бесплатен педијатриски преглед кој треба да го искористат во наредните три месеци од доделувањето. Нашите педијатриски служби ги очекуваат родителите на телефонскиот број 02 / 3091-484 за да закажат преглед за своето бебе.
Инаку, акцијата за доделување на вакви ваучери е согласно меморандумот за соработка што нашата клиника го има потпишано со општината Центар.
На настанот освен родителите со нивните деца присуствуваа и претставници од локалната самоуправа предводени од градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, кој од страна на општината на семејствата на новороденчињата им подели решенијата за парична помош во висина од 7.000 денари.
Средствата се доделуваат редовно, во рамките на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар, а од оваа година општината потпиша меморандум за соработка со општествено одговорни компании и здруженија, меѓу кои се најде и Zan Mitrev Clinic.