00389 2 3091 484
март 9, 2016
Во периодот од 22. до 26. Февруари, традиционално се одржа заедничка проектна активност со Црвениот крст на град Скопје и Специјалната болница „Филип Втори“ во склоп на Неделата на борба против кардиоваскуларни заболувања. Оваа година мотото беше `Со позитивни мисли до поквалитетен живот`.
Проектната активност се состоеше од три случувања кои беа реализирани од страна на психолозите Илија Дојчиновски и Фросина Ристoвска од одделот за психологија и психотераија при Специјалната болница за хируршки болести „ Филип Втори “. И овој пат, како и претходните години, реализиравме посета на тројца пациенти кои денес успешно се опоравени и се активни во својот живот. Споделувањето со нив и размената се нешта кои ни се голема поддршка за нашето целокупно работење. Втората активност беше со младите од Црвениот крст на град Скопје кои беа особено мотивирани да соработуваат во интерактивната работилница во која ставивме акцент на анксиозноста и депресијата во адолесценцијата, тема произлезена од желбата на младите да позборуваме за таа проблематика. Особено значајна беше и посетата на седум деца со Даунов синдром од здружението `Трисомиа` кај кои беше обавен кардиолошки преглед и им беа дадени соодветни лекарски совети за нивно понатамошно здравствено следење.
Во рамки на Неделата, исто така, заедно со Клубот на Млади на Општинска Организација на Црвен Крст Центар преку организирано возење на велосипеди и ролерки низ центарот на градот, волонтерите делеа едукативен материјал од болницата на случајните минувачи и нивно запознавање со целта на кампањата.
Ние како болница која е општествено одговорна ќе продолжиме со бројни активности наменети токму за превенција и унапредување на здравјето на нашето население.