Поставен пејсмејкер кај 5 месечно бебе од 4.5 килограми

Дневна доза здравје

април 22, 2019

Во склоп на детската кардиохирургија за прв пат во Клиничката болница Жан Митрев е поставен пејсмејкер кај 5 месечно бебе. Бебето со тежина од 4, 5 килограми, инаку дете со Даунов синдром, успешно се опоравува по направната операција на Атриовентрикуларниот септален дефект и се очекува наскоро да биде пуштена на домашно лекување.

Песмејкерот кој за прв пат се става кај толку мало дете, е поставен поради нарушување на срцевиот ритам. Се работи за двојно коморен епикардијален перманенетен пејсмејкер.

Екипата од Клиничката Болница Жан Митрев, предводена од доктор Владимир Чадиковски и доктор Жан Митрев, во соработка со професор Никола Ѓоргов го поставија пејсмејкерот кај малиот пациент.